Search
|     contact@ugd.edu.mk

Уписи втор циклус 2023/2024

Во август 2023 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип објави конкурс за упис на студенти на единиците на Универзитетот во учебната 2023/2024 на втор циклус студии на достапните студиски програми.

Постапка за конкурирање и запишување на втор циклус магистерски и специјалистички стручни студии

Потребни документи

Во текот на август 2023 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип објави конкурс за упис на студенти за учебната 2023/2024 на втор циклус студии на достапните студиски програми во рамките на Универзитетот.

За втор циклус на студии вкупно се објавени 1.591 слободни места од кои 1.176 се за редовни студенти, а 415 се за вонредни студенти, од кои за Кампус 1 се предвидени 71 место за редовни, а 5 места за вонредни студенти, на Кампус 2 се достапни 185 места за редовни и 170 места за вонредни студенти, на Кампус 3 се слободни 320 места само за редовни студенти и на Кампус 4 објавени се 600 места за редовни и 240 места за вонредни студенти. Услов за запишување е кандидатот да има завршено соодветни студиски програми од прв циклус и да исполнува одредени услови, кои се утврдени од Универзитетот.

Пријавувањето на заинтересираните кандидати се врши електронски преку креирање електронска пријава за упис на наменскиот линк за Уписи во втор циклус 2023/2024 на страната на Универзитетот и прикачување на потребните документи во електронска форма. Периодот на пријавување за двата циклуси е од 14.08.2023 до 30.09.2023 година, а кандидатите се должни покрај електронски, документите да ги достават и во материјална форма најдоцна до 02.10.2023 година, и тоа за втор циклус на Факултет за образовни науки.

Објавувањето на прелиминарната ранг листа е на 05.10.2023 година, а на конечната на 06.10.2023 година. По утврдувањето на конечната листа, запишувањето на примените кандидати за втор циклус ќе се врши во периодот од 13.10 до 20.10.2023 година.

Следат дополнителни важни информации во врска со Уписите на втор циклус студии за академската 2023/2024 година, а целосно објавените конкурси се достапни на следниот линк:

Одлука по поднесен приговор

Запишувањето на примените кандидати ќе се врши во период од:

Прв уписен рок: 

  • Пријавување: од 14.08.2023г. до 30.09.2023г.
  • Запишување: од 13.10.2023г. до 20.10. 2023г.

 

Втор уписен рок

  • Пријавување:  
  • Запишување: 

 

– Документи:

  • Приложување на оригиналните документи кои претходно биле доставени во скенирана форма.
  • Индекс; три фотографии (2 од 6х9; 1 од 4х5); пријавни листови (розов лист, семестрален лист); две уплати од 50 денари административна такса.
  • Потврда за студентско осигурување (минимум 150 денари) за временскиот рок за траење на студиите (една или две години).

 

– Уплати

Кандидатите задолжително мораат да ги извршат уплатите со личен ЕМБГ.

I. Потврда за уплатени 1.200 ден. – за пријава за упис

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка:100000000063095
  • Сметка на корисник 1600160330-788-37
  • Приходна шифра 723019 Програма 44 Образец ПП-50

 

II. потврда за уплатени 400 евра – за партиципација (редовни) – по среден курс на Народна банка на денот на уплатата потврда за уплатени 500 евра – за партиципација (вонредни) – по среден курс на Народна банка на денот на уплатата (можна е и уплата на рати по 200, односно 250 евра)

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка: 100000000063095
  • Сметка на корисник 1600160330-788-37*
  • Приходна шифра 723012 Програма 44 Образец ПП-50

Напомена: Студентите кои се странски државјани уплаќаат двојно поголем износ за партиципација ( во денари).

III. потврда за уплатени 650 ден. – за ИКСА (информатички и културнo-спортски активности)

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка:100000000063095
  • Сметка на буџетски корисник 1600160330-788-60
  • Приходна шифра 723119 Програма 44 Oбразец ПП-50

 

IV. потврда за уплатени 400 ден. -за материјални трошоци, солидарна одговорност

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка:100000000063095
  • Сметка на корисник 1600160330-788-37
  • Приходна шифра 723019 Програма 44 Oбразец ПП-50

 

V. потврда за уплатени 150 ден. – за студентско собрание

  • Назив и седиште на примачот: „Гоце Делчев“ Штип
  • Трансакциска сметка: 100000000063095
  • Сметка на корисник: 160016033078860
  • Приходна шифра: 723119 Програма: 44 Образец ПП 50

 

Vl. потврда за уплатени 300 ден. за надомест за книжен фонд на Универзитетот

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка:100000000063095
  • Сметка на  корисник 1600160330-788-56
  • Приходна шифра 723019 Програма 44 Oбразец ПП-50

 

Vll. Потврда за уплатени 500 ден. за упис на прв семестар

  • Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Трансакциска сметка:100000000063095
  • Сметка на  корисник 1600160330-788-37
  • Приходна шифра 723019 Програма 44 Oбразец ПП-50

 

VIII. Потврда за уплатени 390 ден. за спортски активности

  • Примач: “Универзитетски спортски центар“-Штип
  • Банка на примачот : Стопанска банка
  • Сметка :200001926783548
  • Образец ПП10

 

Напомена: сите потребни формулари можат да се набават и во универзитетските книжари.

ПОСТАВУВАЊЕ ПРАШАЊА

Советници за магистерски и докторски студии
Марјан Марков Телефон:  +389 32 550 061 E-mail:marjan.markov@ugd.edu.mk Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб Пош. фах 201, Штип – 2000, Р.Македонија
Катерина Хаџи-Василева Телефон: +389 32 550 076 E-mail: katerina.hadzivasileva@ugd.edu.mk Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб Пош. фах 201, Штип – 2000, Р.Македонија

Локации за доставување на физички документи за пријавување