Search
|     contact@ugd.edu.mk

Школа за докторски студии

Информации за Школата за докторски студии

Преку Школата за докторски студии Универзитетот „Гоце Делчев“ организира и спроведува високообразовна дејност од трет циклус, односно, докторски студии. Кандидатите што ја посетуваат Школата и студиите од трет циклус, се подготвуваат за самостојна научно-истражувачка работа. По завршувањето на студиите тие се стекнуваат со највисок степен на образование и со звањето доктор на науки. Студиските програми на докторските студии се акредитирани и целосно усогласени со Болоњската декларација.

Студиските програми од трет циклус се распределени во три пошироки научно-истражувачки подрачја распределени во три кампуси, и тоа:

  • Кампус 2 за техничко-технолошки науки, биотехнички науки и природно-математички науки
  • Кампус 3 за медицински науки и
  • Кампус 4 за општествени и хуманистички науки

Наставно-научни совети

Со цел реализирање на студиските програми од трет циклус, на ниво на Кампус, на Универзитетот се формираат и посебни наставно-научни совети на докторските студии.

Овие совети се составени од професори кои се акредитирани за ментори на докторски студии, а припаѓаат на научно-истражувачкото подрачје за кое е формиран кампусот.

Со секој совет раководи Претседател, кој доаѓа од редот на членовите на Советот. Претседателот има мандат од 2 години, а неговиот избор го прави Ректорот врз основа на предлог на наставно-научниот совет на докторски студии на соодветниот кампус.

Наставно-научниот совет на докторските студии на ниво на кампус ги има следниве надлежности:

  • донесува одлуки за запишување на трет циклус на студии – докторски студии;
  • изготвува предлог-конкурс за запишување на студенти на трет циклус – докторски студии;
  • ги определува дополнителните услови за запишување на докторските студии;
  • формира комисија за подобност на темата, тезите и кандидатот;
    определува интерен и екстерен ментор;
  • формира комисија за оценка и одбрана на докторската дисертација;
  • го разгледува извештајот на интерниот ментор за напредокот на докторскиот труд;
  • го разгледува извештајот за конечната верзија на докторскиот труд на интерниот ментор;
  • го усвојува извештајот за оценка на докторскиот труд и ја закажува јавната одбрана;
  • донесува одлуки за прифаќање на студиските програми на третиот циклус студии;
  • го утврдува нацрт-конкурсот за упис на студенти на докторски студии;
  • го утврдува предлог-бројот на студенти и износот на школарината за докторските студии и го доставува до Ректорската управа на Универзитетот;
  • дава предлози за организирање на заеднички докторски (интердисциплинарни) студии на ниво на Универзитет.

На ниво на УГД во моментот функционираат следниве наставно-научни совети за докторски студии:

Корисни документи

Во продолжение се наоѓа список со врски до сите документи што им се потребни на кандидатите од трет циклус студии – докторски студии за запишување и студирање:

Контакти од Школата за докторски студии

Административна поддршка за докторските студии во рамките на Школата за докторски студии кандидатите можат да добијат од вработените:

Соопштенија

Се информираат студентите од прв, втор и трет циклус на студии дека заверката на непарниот (тековен) и уписот на парниот (нареден) семестар во учебна 2024/2025

Се информираат студентите од сите три циклуси на студии за предвидените термини за реализација на испити во Февруарска (двојна) испитна сесија:

Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од трет циклус студии на Правен факултет, Економски факултет и Факултетот за образовни

Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на медицински науки и здравство дека ќе се одржат докторски семинари

Се закажува јавна одбрана на докторската дисертација со наслов...

Се известуваат студентите запишани на студиските програми на трет циклус студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во учебната 2024/2025 година дека на 9 ноември