Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на медицински науки и здравство дека ќе се одржи докторски семинар со физичко присуство:
- на 15 јуни 2023 г. со почеток во 10.00 часот и
- на 29 јуни 2023 г. со почеток во 10.00 часот, во конференциската сала на Кампус 2, трети кат.
За семинарот на 15 јуни 2023 г. пријавите да се достават и да се потврди присуство на мејл кај Сашка Атанасова до 14 јуни 2023 г.
За семинарот на 29 јуни 2023 г. пријавите да се достават и да се потврди присуство на мејл кај Сашка Атанасова до 25 јуни 2023 г.
Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е задолжително.
Школа за докторски студии