Се закажува јавна одбрана на докторската дисертација со наслов „Анализа на нивото на персонална изложеност на бучава во погон за производство во автомобилската индустрија и ефектите врз перформансите на вработените“ /„Analysis of personal noise exposure level in a manufacturing plant in the car industry and its effects on employees performance“ на кандидатката м-р Теодора Топчева.
Јавната одбрана на докторската дисертација ќе се одржи 15 март 2024 година, со почеток во 13 часот, во свечената сала на Кампус 2.
Докторската дисертација е јавно објавена во е-репозиториумот на УГД.
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Кампус 2
Техничко-технолошки науки, биотехнички науки и природно-математички науки
Машински факултет
Школа за докторски студии