Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на медицински науки и здравство дека ќе се одржи Докторски семинар со физичко присуство.
Докторскиот семинар ќе се одржи на 13 август 2024 г., со почеток во 10:30 часот, во конференциската сала на Кампус 2, трети кат.
За семинарот на 13 август 2024 г. пријавите и презентациите да се достават и потврдат присуство, студентите и менторите, на мејл кај Сашка Атанасова (saska.atanasova@ugd.edu.mk) до 9 август 2024 г.
Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на Докторскиот семинар е задолжително.
Школа за докторски студии