Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на Медицински науки и Здравство дека ќе се одржи докторски семинар со физичко присуство.
Докторскиот семинар ќе се одржи на ден 10.9.2024 г. со почеток во 10:00 часот, во Конференциската сала на Кампус 2, трети кат.
Студентите и менторите да потврдат присуство и да ги достават пријавите и презентациите на мејл кај Сашка Атанасова до 5.9.2024 г.
Присуството на менторите на студентите кои имаат пријави за учество на докторскиот семинар е задолжително.
Школа за докторски студии