Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности и тоа за:
1. Мобилности за студенти
Конкурсот е отворен за:
– 8 студентски мобилности за долг престој за пракса во времетраење од најмалку 60 дена, а најмногу 90 дена, со завршување на мобилноста најдоцна до 31 јули 2025 година;
– 6 мобилности за краток престој во времетраење од 5 дена до 14 дена, со завршување на мобилноста најдоцна до 31 јули 2025 година.
Услови за конкурирање за мобилност за долг престој:
- Право за конкурирање за мобилност за долг престој имаат студентите на прв и втор циклус студии, и тоа: редовно запишани на прв циклус студии, со запишан најмалку втор семестар, и редовно запишани на втор циклус студии со запишан најмалку прв семестар;
- Апликантите треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик или јазикот на земјата каде што аплицираат;
- Студентите имаат право да искористат најмалку 2 месеци, а најмногу 12 месеци студентска мобилност (студии/пракса) во текот на еден циклус на студии, согласно со условите пропишани во Конкурсот;
- Предност имаат кандидатите кои првпат аплицираат на програмата.
Услови за конкурирање за мобилност за краток престој:
- Право на конкурирање за мобилност за краток престој имаат редовно запишаните студенти на трет циклус студии со запишан најмалку прв семестар.
- Апликантите треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик или јазикот на земјата каде што аплицираат.
- Студентите имаат право да искористат максимум две мобилности за краток престој во текот на еден циклус на студии.
- Предност имаат кандидатите кои првпат аплицираат на програмата.
Потребни документи за конкурирање за мобилност за долг престој се:
- Уредно пополнета изјава за изразување на интерес за учество во Еразмус + програмата, испечатена во два примерока;
- Уверение за положени испити;
- Потврда за упис во семестар;
- Копија од индекс (прва страница);
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо;
- Две препораки од професори од единицата од каде што доаѓа студентот;
- Доказ за учество во активности во рамките на факултетот/универзитетот (семинари, конференции, работилници, настани, списанија, и други активности) и/или потврда за учество во работата на универзитетски или факултетски тела (предност имаат оние студенти коишто имаат остварено повеќе активности);
- Сертификат за познавање на странски јазик и/или друг доказ за познавање на странскиот јазик којшто се користи на универзитетот каде што се аплицира.
Документите се доставуваат лично до Oдделението за меѓународна соработка. Апликациите испратени по електронски пат или подоцна од рокот наведен во Конкурсот нема да бидат разгледани.
Б) Потребни документи за конкурирање за мобилност за краток престој:
- Уредно пополнета изјава за изразување на интерес за учество во Еразмус + програмата;
- Уверение за положени испити;
- Потврда за упис во семестар;
- Копија од индекс (прва страница);
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо;
- Препорака од менторот за користење на мобилност на избраната институција;
- Потврда за учество на меѓународен научен собир или конференција или потврда за прифаќање на апстрактот за учество на меѓународниот научен собир или конференција (предност ќе имаат оние студенти коишто учествувале на конференција или научен собир индексиран во SCOPUS);
- Објавен научен труд во референтна научна публикација или потврда за прифаќање на трудот за објава во референтна научна публикација согласно со Законот за високо образование (предност ќе имаат оние коишто ќе имаат објавено научен труд во научно списание индексирано во најмалку една електронска база на списанија со трудови достапна на интернет, како Еbsco, Emerald, Scopus, Web of Science, Journal Citation Report, SCImago Journal Rank или друга база на списанија која ќе ја утврди Националниот совет за високо образование);
- Доказ за учество во активности во рамките на факултетот/универзитетот (семинари, конференции, работилници, настани, списанија и други активности) и/или потврда за учество во работата на универзитетски или факултетски тела (предност имаат оние студенти коишто имаат остварено повеќе активности);
- Сертификат за познавање на странски јазик и/или друг доказ за познавање на странскиот јазик којшто се користи на универзитетот каде што се аплицира.
Сите студенти кои аплицираат за Еразмус + мобилности за краток престој треба да имаат отворен профил на ORCID и Google Scholar верифициран со студентската електронска пошта. Ќе се вреднуваат само активностите кои се со афилијација на Goce Delcev University.
Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат:
- на овој линк: http://cmus.ugd.edu.mk/index.html
- на е-пошта на: icc@ugd.edu.mk
Целата документација треба да биде на македонски јазик.
Документите се доставуваат лично до Oдделението за меѓународна соработка.
Одделение за меѓународна соработка (Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р. Македонија
Апликациите испратени по електронски пат или подоцна од рокот наведен во Конкурсот нема да бидат разгледани.
Конкурсот е отворен од 10 февруари до 28 февруари 2025 година.