Врз основа на член 94 и член 163 од Законот за високото образование, член 304 од Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и врз основа на Одлуката (арх. бр. 0201-868/12 од 28.11.2024 г.) на Универзитетски сенат
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП
распишува
ИНТЕРЕН КОНКУРС
за избор на демонстратор на Факултетот за информатика при Универзитет
„Гоце Делчев“ во Штип за учебната 2024/2025 година
- ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА
1.1 Демонстратор од областа:
– Информатика – 1 извршител
Критериуми за избор:
(1) На факултетот, односно на високата стручна школа, можат да се избираат демонстратори како помошници во наставно-образовниот процес на првиот циклус студии.
(2) Демонстратор може да биде лице кое е студент на втор или трет циклус студии.
(3) За демонстратор може да биде избран студент кој студиите од првиот циклус (додипломските студии) ги завршил со просечна оценка од најмалку 8,00 (осум).
(4) За демонстратор на студиски програми од интегриран прв и втор циклус може да биде избран студент кој има остварено најмалку 180 ЕКТС кредити и просечна оценка од најмалку 8,00 (осум).
(5) Демонстратор се избира за период од една учебна година, со право да биде реизбран уште два пати на истата единица на универзитетот.
(6) Посебните услови и постапката за изборот на демонстраторите, како и нивните права и обврски во наставно-образовниот процес се уредуваат со општ акт на универзитетот и општ акт на единицата на универзитетот, односно со општ акт на самостојната висока стручна школа.
(7) Демонстраторите учествуваат во наставно-образовниот процес во обем и на начин определен со студиската програма и под непосредно раководство на предметниот наставник.
(8) Факултетот, односно високата стручна школа и демонстраторот склучуваат договор со кој ги уредуваат меѓусебните права и обврски. Исплатата на надоместоците за избраните демонстратори се врши од сопствените приходи на факултетот, односно самостојната висока стручна школа, за што не се бара согласност од Министерството за финансии.
Потребни документи од кандидатите за избор во демонстратор:
- пријава;
- потврда дека е студент на втор или трет циклус студии;
- уверение за положени испити и остварени кредити;
- кратка биографија.
Конкурсот трае 5 работни дена сметано со денот на објавувањето.
Изборот ќе се изврши во рок од 15 дена од завршувањето на Конкурсот.
Документите се доставуваат до архивата на:
- Факултет за информатика – ул. „Гоце Делчев“ бр. 89, Штип; тел. 032 550-100.