ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на студенти од ранливи категории и чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година
1.Со овој Конкурс се врши избор на студенти од ранливи категории и чие родителско право го врши само еден родител кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година.
2. Право на конкурирање на Конкурсот има секој редовен студент кој запишал зимски семестар на прв циклус студии во студиската 2023/2024 година (во натамошниот текст – апликант) и припаѓа на некоја од следниве наведени категории и тоа:
- само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените;
- починат родител;
- родител/ли на кој му е одземено родителското право, или е исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и обврски;
- двајца студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ со родители со минимални месечни примања.
3. Спроведување на постапката за селекција на апликантите по овој Конкурс ќе ја прави Комисијата за финансии, инвестиции и развој при Универзитет „ Гоце Делчев “ – Штип и еден претставник на студентите (претседател на Студентски парламент или студентски правобранител).
Апликациите се поднесуваат до: Архива на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10А – Штип, со назнака: за Комисија за финансии, инвестиции и развој – документи по Интерен конкурс за избор на студенти од ранливи категории и студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии.
Апликациите се поднесуваат до: 5.12.2023 година.
4. Квотата на студенти кои имаат право да ja користат оваа погодност се утврдува според финансиската состојба на семејство, со исполнување на условите од страна на родителот/старателот и апликантот и тоа по категориите:
- За првата категорија: родителот/старателот е со месечни примања во износ до две минимални нето плати исплатени во септември 2023 г., само по основ на плата, пензија и/или социјална помош;
- За втората категорија: кумулативно сите месечни примања по основ на плата, пензија и/или социјална помош и семејната пензија не надминуваат износ од две минимални нето плати исплатени во септември 2023 г.;
- За третата категорија: кумулативно сите месечни примања по основ на плата, пензија и/или социјална помош и законската издршка од вториот родител не надминуваат износ од две минимални нето плати исплатени во септември 2023 г.;
- За четвртата категорија: двајцата родители се со месечни примања кои не надминуваат износ од две минимални нето плати исплатени во септември 2023 г., само по основ на плата, пензија и/или социјална помош.
5. Со целосно пополнетата пријава, апликантите ги доставуваат и следниве документи во зависност од својата категорија и тоа:
- потврди за остварена плата на родителот/те/старателот за последната исплатена плата за септември 2023 година;
- за корисници на социјална помош/услуги се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи;
- за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија;
- пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход;
- за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд;
- за родител кој е исчезнат или привремено или трајно не ги извршува родителските права и обврски – потврда од Центар за социјални работи;
- за починат родител – се доставува Извод од матична книга на умрените и документ за висина на семејната пензија;
- уверение за државјанство на РСМ.
6. Во постапката за избор на студенти комисијата врши евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената документација од сите пријавени кандидати.
Комисијата самостојно креира листа на кандидати со архивски броеви, на апликантите на кои им е прифатена, одбиена или отфрлена пријавата (одбиена ако не исполнуваат услови, отфрлена, ако немаат комплетна/веродостојна документација). Листата на прифатени и одбиени кандидати се објавува на огласна табла (интернет страницата на Универзитетот) најдоцна до 8.12.2023 г.
7. Апликантите имаат право на приговор 3 работни дена по објавувањето на листата. Комисијата за финансии ќе ги разгледа и ќе одговори на приговорите во рок од 3 дена. Кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Конкурсот ја сочинуваат Конечната листа на корисници на погодноста за намалување на партиципација за факултетот.
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.