Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt – DBU) ја прославува својата 27-годишна Програма за истражувачки престои во Германија, наменета за студенти од Југоисточна Европа. Програмата им овозможува на студентите магистранди и докторанди да поминат од 6 до 12 месеци во организации, универзитети, институти или компании во Германија.
Фокусот на Програмата е на проекти поврзани со заштита на животната средина, екологија, одржлив развој, климатски промени и обновливи извори на енергија. Дополнително, се поддржуваат и иницијативи за дигитализација со еколошка компонента.
За сите заинтересирани, DBU организира онлајн информативна сесија на 20 јануари 2025 година во 17 часот преку платформата ZOOM. Линк до сесијата: Придружете се на информативната сесија.
Роковите за аплицирање се 5 март и 5 септември 2025 година, а повеќе информации за програмата и условите за аплицирање можете да најдете на официјалната страница на DBU: DBU Fellowship Program.
Ова е одлична можност за сите студенти кои сакаат да работат на значајни проекти и да стекнат меѓународно искуство.