Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности и тоа за:
Мобилности за студенти
Конкурсот е отворен за:
- 11 студентски мобилности за студии (зимски семестар 2024/2025 г.);
- 8 студентски мобилности за пракса.
Право на пријавување имаат редовно запишаните студенти на додипломски студии (прв циклус студии) со запишан најмалку трет семестар, како и студенти на втор и на трет циклус студии.
- Апликантите треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик или јазикот на земјата каде што аплицираат;
- Студентите имаат право да искористат максимум 12 месеци студентска мобилност (студии/пракса) во текот на еден циклус студии;
- Предност имаат кандидатите кои првпат аплицираат на програмата.
Потребни документи за аплицирање:
- ИЗЈАВА за искажување на интерес за учество во Еразмус+;
- фотокопија од индекс (прва страница);
- уверение за положени испити – копија;
- кратка биографија;
- мотивациско писмо;
- две препораки од професори/асистенти;
- потврда за познавање на странски јазик од училиште за странски јазици или Институт за јазици – копија;
- копија од други релевантни сертификати (опционално);
- копија од документи за учество или организација во останати студентски активности на Универзитет „Гоце Делчев“ (учество во студентски научни конференции, симпозиуми, организирање на настан на УГД, креирање на содржини на универзитетските медиуми, член на Студентско собрание и други органи на Универзитетот и др.).
*При потпишување на договорот за учење студентот-апликант треба да избере минимум 5 (пет), а максимум 7 (седум) предмети кои ќе бидат внесени во договорот за учење (Learning agreement). Минимум 3 (три) од предметите треба да бидат од семестарот во кој ќе се врши размената, а останатите предмети можат да бидат од други семестри или изборни предмети. Студентот не смее да избере предмет од поминат семестар кој веќе е слушан или полаган барем еднаш на матичната единица каде што студира студентот.
Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат:
- на овој линк: http://cmus.ugd.edu.mk/index.html
- на е-пошта на: icc@ugd.edu.mk
- на Инфо сесијата која ќе се одржи на 4.3.2024 година, во 11 часот, во конференциската сала на Земјоделски факултет.
Важни информации
Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат во канцеларијата за меѓународна соработка или на портирница на Кампус 2 во коверт со назнака:
Одделение за меѓународна соработка (за Еразмус + конкурс)
(Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р. Македонија
Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.
Конкурсот е отворен од 15 февруари до 15 март 2024 година.
Конкурс за Еразмус+ програмата за мобилности за студенти (.pdf)