Search
|     contact@ugd.edu.mk

Конкурс за програмата за стручно и професионално усовршување

Конкурс за запишување на кандидати на програмата за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка на Факултетот за образовни науки
Споделете

Врз основа на чл. 110, а согласно член 141 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“,бр.  82/2018 и 178/21год.),Решение за акредитација бр.14-9417/3 од 27.07.2021год. (Министерство за образование и наука), Правилникот за начинот на следењето на наставата, полагањето на испитите за педагошко – психолошка и методска подготовка, како и начинот на акредитација на високо образовните установи објавен во („Службен весник на РМ“ бр.241-2020 и бр.11-2021 год.) и Правилникот за  условите, постапката на запишување и правилата  на  студирање на програмата за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко – психолошка и методска подготовка на Факултетот за образовни науки, Универзитетот„ Гоце Делчев“ –Штип, објавува:

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ НА ПРОГРАМАТА ЗА СТРУЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА И МЕТОДСКА ПОДГОТОВКА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ 

при УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП

во летен  СЕМЕСТАР, УЧЕБНАТА, 2023/2024 ГОДИНА

Право на упис на оваа програма имаат сите кандидати кои завршиле дипломски студии со освоени (240ЕКТС) на други факултети (ненаставна насока), а се вработиле како наставници или сакаат да се вработат како наставници во основно и средно образование.

Програма за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко -психолошка и методска подготовка (настава и практичната настава) се организира во траење од 1 (еден) семестар, според критериумите на ЕКТС.

Трошоците за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) изнесуваат 250 евра во денарска противвредност.

Рокови за пријавување и запишување:

Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши во следните термини:

Пријавување на кандидатите 22-26 јануари 2024
Одлука за прием  /
Запишување на кандидатите 2931 јануари 2024
Приемен ден* 03.02.2024 во 10 часот

*Присуството е задолжителнo

Документи за пријавување и запишување:

При пријавувањето, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  1. Пријава со потврда за уплатени 50 денари за административна такса;
  2. Диплома за завршено високо образование (оригинал или заверена на нотар);
  3. Извод од матичната книга на родените (оригинал или заверена на нотар);
  4. Доказ за државјанство на РМ (Уверение, оригинал или заверена на нотар);

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  1. Индекс
  2. Две фотографии (3,5 x 4,5 см.)
  3. Пријавни листовисо потврда за уплатени 2×50 денари за административна такса
  4. Потврда за уплатени средства во висина од 250 евра во денарска противвредност, на жиро сметката на Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип.