Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип има потреба да ангажира 1 (едно) лице – професор по математика во средно училиште, како соработник во реализација на програмата „Иницијатива за идни научници“. Програмата е финансирана од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе трае до 31.5.2025 година.
- За програмата
„Иницијатива за идни научници“ е програма за обука наменета за средношколци – матуранти која нуди бесплатни часови по предметите Математика, Физика, Хемија и Биологија, согласно со потребите и интересот на средношколците-матуранти. Изведувањето на оваа иницијатива ќе биде помогнато од страна на искусни професори од средните училишта и надгледувано од страна на универзитетски професори од соодветните факултети што ќе биде основа за висококвалитетна настава и поддршка на младите во процесот на образование. Иницијативата ќе им помогне ма матурантите во уште поуспешна подготовка на завршните испити и матура, но истовремено и ќе им овозможи да го продлабочат своето знаење кое ќе им помогне во полесно совладување на идните академски содржини.
- Позиции и опсег на работа
– 1 (едно) лице – Соработник кој ќе се вклучи во реализација на часовите по математика кои се бесплатни за матурантите.
- Начин на пријавување и селекција
Заинтересираните кандидати/ки на е-пошта треба да достават: пријава, работна биографија (CV) и потврда за работен однос како професор во средно училиште, во рок од 5 (пет) дена од објавување на повикот на адресатa contact-fi@ugd.edu.mk.
Насловот на пораката треба да биде во следниот формат:
Позиција за која се аплицира – Име и презиме.
Предност ќе имаат професори кои предаваат на матуранти, како и професори со повеќегодишно работно искуство во настава по математика. Само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите за избор ќе бидат повикани на разговор. Добиените документи за доказ за соодветност на избор нема да се враќаат.
Лице за контакт:
Билјана Златановска, biljana.zlatanovska@ugd.edu.mk
Марија Митева, marija.miteva@ugd.edu.mk