Search
|     contact@ugd.edu.mk

Повик за доставување на трудови за меѓународното списание „EUWEB Legal Essays. Global & International Perspectives“

Споделете

Се покануваат сите заинтересирани автори да достават ракописи за вториот број на списанието „EUWEB Legal Essays. Global & International Perspectives за 2024 година, кое ќе биде објавено на 31 јули 2024 г.

Во списанието може да се објавуваат ракописи коишто се од областа на проширување на Европската Унија и идни перспективи на политиката на проширување на ЕУ, надворешни граници на Европската Унија и политиката на соседство, прекугранична безбедност, миграции и азил, борба против транснационален криминал, полициска и судска соработка, промоција и заштита на вредностите на Европската Унија, како и човековите правата на сите индивидуи.

Рокот за достава на апстракт е 30 април 2024 г.

Рокот за доставување на целосен ракопис е 15 јуни 2024 г. Целосните трудови подлежат на процес на двојна анонимна рецензија.

Доставувањето на апстрактите и ракописите се праќа на следнава адреса: info@euweb.org. 

За повеќе информации, посетете го официјалниот веб-сајт на: https://www.euweb.org.