Универзитетски спортски и културен центар продолжува со традицијата за учество на атлетски натпревари како дел од активностите за промоција на УГД како активен и спортски универзитет.
Оттука, ве повикуваме да се пријавите за учество на атлетската трка како дел од тимот на УГД на еден од најмасовните спортски настани „Трка на поезијата” – Струга 2024 г. која ќе се одржи на 26 мај 2024 г. (недела) со почеток во 8 часот во Струга.
Сите заинтересирани студенти и вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип имаат можност да се пријават за учество како дел од УГД тим со можност за учество на:
- 5 км,
- 10 км.
Потребни податоци за пријавување:
- име и презиме;
- ден, месец и година на раѓање;
- телефонски број;
- дрес величина;
- патувам со организиран превоз на УГД или со сопствен превоз.
Котизацијата за учество и превозот до Струга ќе бидат покриени од страна на Универзитетски спортски и културен центар. Поаѓањето е на 25 мај 2024 г. (сабота) во 12 часот пред стариот Ректорат, секој од пријавените учесници ќе треба да резервира престој во Струга.
Пријавувањето за спортската манифестација „Трка на поезијата’’ – Струга 2024 г. е преку е-пошта и телефонски број, најдоцна до 14 мај 2024 г.
Тел. број: 072/252-052, м-р Ванчо Барбареев
Е-пошта: vanco.barbareev@ugd.edu.mk
По утврдувањето на бројот на пријавените учесници ќе се креира група на Вибер за атлетската трка „Трка на поезијата“ по што пријавените учесници ќе бидат информирани за деталите околу организацијата.
Напомена: Секој пријавен учесник доколку не се појави на старт ќе треба да ја рефундира платената котизација.
Се гледаме на старт.
За активен и здрав УГД!