Француската агенција за медиумски развој, како дел од проектот Balkan Voices 2, организира натпревар „Преминување граници: натпревар по новинарство“ кој е отворен за сите студенти или дипломирани новинари од Западен Балкан кои се заинтересирани за европската интеграција и меѓудржавна соработка.
Повикот е отворен од 13 јануари до 17 февруари 2025 година и ќе овозможи учество на 30 студенти (по 5 од секоја земја).
Избраните студенти ќе следат обука која ќе биде организирана од Институтот „Jacques Delors“, а потоа ќе се направат групи кои ќе ги води по еден новинар. Секоја група ќе треба да изготви транснационална продукција во врска со европската интеграција и Берлинскиот процес.
Наградата за најдобра група е студиско патување во Франција и Брисел на тема запознавање со европските институции.
Повеќе детали за Повикот може да најдете на следниов линк: https://www.facebook.com/if.skopje
Линк за аплицирање: https://urlr.me/QKRCSV