Институтот Либерална алтернатива со поддршка на Economics Fundamentals Initative од САД, како и УЈИЕ, организира Летна школа за студентите од сите универзитети и факултети во земјава во доменот на економска писменост.
Летната школа ќе се одржи од 26 до 30 август во Тетово. Јазикот на кој ќе се одржи Летната школа е англиски јазик. Сите трошоци се покриени од организаторот.
Рокот за аплицирање е до 31 јули 2024 г. Би ве замолиле да го споделите Повикот и постерот со информации до вашите активни студенти. Повеќе информации може да се најдат и во нашата веб-страница: https://lai.mk/