Search
|     contact@ugd.edu.mk

Стипендии од Амбасадата на САД за студенти од Македонија – новинарство и еколошки прашања

Споделете

Амбасадата на САД во Скопје ги поканува студентите да аплицираат за две летни школи – Студии на американските институти (SUSI) за студентски лидери од Европа на следниве теми: еколошки прашања и новинарство и медиуми.

Петнеделните институти ќе се одржат од 25 јуни до 31 јули 2024 година. Апликациите треба да се испратат најдоцна до 20 декември 2023 г. на Taneskab@state.gov

Програмата е за студентите од 1 до 3 години кои се заинтересирани за Програмата за еколошки прашања, чиј домаќин е Shippensburg University во Шипенсбург, Пенсилванија, и Програма за новинарство и медиуми, чиј домаќин е Државниот универзитет во Аризона во Темпе, Аризона. Краен рок за аплицирање е 20 декември 2023 г.

Сите информации можат да се најдат на следниов линк: https://mk.usembassy.gov/2024-study-of-the-u-s-institutes-susis-for-student-leaders-from-europe/