Се информираат студентите од прв, втор и трет циклус на студии дека заверката на непарниот (тековен) и уписот на парниот (нареден) семестар во учебна 2024/2025 година ќе се реализира електронски (преку е-индекс), во периодот:
- Од 24.12.2024 година до 19.01.2025 година – заверка на непарен семестар;
- Од 24.12.2024 година до 19.02.2025 година – упис на парен семестар
Прв циклус на студии
Заверка на непарен семестар
Предуслови за заверка на непарен семестар се:
– Подмирени трошоци за партиципација (и сите други трошоци/долгови) за непарниот семестар;
– Електронски потпис по сите предмети за редовните студенти. Постои можност за купување најмногу до 2 потписи (100 денари од кредит на приходна шифра 723019);
– Пријавени проектни задачи по сите предмети (100 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013);
– 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, по основ партиципација или друг основ).
Напомена:
- General medicine – уплаќаат само партиципација на приходна шифра 723113, која е неопходно да биде целосно подмирена при заверката на непарниот семестар, за истиот тој семестар.
- Computer engineering and technologies, Bussines Economic и International law and international relations – Сите трошоци (партиципација + останати) на приходна шифра 723113
Упис на парен семестар
Предуслови за упис на парен семестар:
– Заверен непарен семестар;
– Расположливи средства од:
Напомена:
- General medicine – уплаќаат само партиципација на приходна шифра 723113 (најмалку ½ од износот кој е предвиден за цел семестар);
- Computer engineering and technologies, Bussines Economic и International law and international relations – Сите трошоци (партиципација најмалку ½ од износот кој е предвиден за цел семестар) + останати) на приходна шифра 723113 + административна такса.
Втор и трет циклус на студии
Заверка на непарен семестар
Предуслови за заверка на непарен семестар се:
– Пријавени проектни задачи по сите предмети (1000 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013) – ова важи само за втор циклус на студии!
– 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, по основ партиципација или друг основ).
Упис на парен семестар
Предуслови за упис на парен семестар:
– Заверен непарен семестар;
– Расположливи средства од: