Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2022/2023 година почнувајќи од летен семестар и тоа за:
1. мобилност за студенти:
– студенти на втор циклус студии;
– студенти на трет циклус студии.
Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“.
Конкурсот е отворен за:
– 3 студентски мобилности за студии или пракса (во времетраење од 2 (два) до 3 (три) месеци)
Потребни документи за аплицирање:
- ИЗЈАВА за искажување на интерес за учество во Еразмус+
- фотокопија од индекс (прва страна);
- уверение за положени испити;
- кратка биографија;
- мотивациско писмо;
- две препораки од професори/асистенти;
- потврда за познавање на странски јазик од училиште за странски јазици или Институт за јазици;
- копија од други релевантни сертификати (опционално)
Предност ќе им биде дадена на апликанти кои што до сега немаат учествувано во Еразмус+ програмата.
Студентите треба да изберат партнер-Универзитет каде што рокот за номинација не е подоцна од 13 ноември.
Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:
http://cmus.ugd.edu.mk/index.html
Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Еразмус + канцеларијата или на портирница на Кампус 2 во коверт со назнака:
Одделение за меѓународна соработка (за Еразмус + конкурс)
(Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р. Македонија
Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.
Конкурсот е отворен од 1 ноември 2022 до 7 ноември 2022.