Search
|     contact@ugd.edu.mk

Електронски индекс за 2 и 3 циклус на студии

Споделете

Ве информираме дека е реализирана ретроактивна обработка на податоците на студентските досиеја на втор и трет циклус на студии во е-индекс, со што се обработени во електронска форма сите активности на студентите до овој момент (семестри, предмети, пријави/оценки, уплати и останати податоци).

Поради оваа причина Ве информираме дека можете да извршите проверка на Вашите податоци на е-индекс со најава на линкот https://students.ugd.edu.mk/ на следниот начин:

– Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)

– Лозинка: Вашата тековна лозинка на УГД (за новите студенти, иницијалната лозинка е во формат: Ugd<Матичен број> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матичен број> се внесува матичниот број на студентот.

Доколку имате проблем со лозинката истата можете да ја промените на начинот објаснет на следниот линк

За сите недоследности во врска со вашите податоци во е-индекс можете да ги контактирате референтите:

Оваа фаза на проверка на податоците е претходник на наредната – целосно пуштање во функција на електронскиот индекс за 2 и 3 циклус на студии (електронски упис и заверка на семестар, електронско пријавување и оценување на испити, електронско поднесување на барања и процедура за магистрирање / докторирање).