Search
|     contact@ugd.edu.mk

Информација за продолжување на наставата и поддршка за студентите

Ве известуваме дека од понеделник, 24 март 2025 година, наставата и сите редовни активности на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип продолжуваат да се одвиваат по вообичаениот распоред.
Споделете

Драги студенти,

Ве известуваме дека од понеделник, 24 март 2025 година, наставата и сите редовни активности на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип продолжуваат да се одвиваат по вообичаениот распоред.

Сите професори, асистенти и стручни соработници ќе продолжат со реализација на наставата, но со особено внимание и разбирање кон сите вас кои сте директно или индиректно погодени од трагичниот настан во Кочани.

Ве охрабруваме да бидете присутни на кампусите, не само поради наставата, туку за да бидеме заедно, да си пружиме поддршка и заеднички да ги пребродиме овие тешки моменти. Универзитетот е тука за вас, и сакаме да знаете дека не сте сами.

Доколку чувствувате потреба за разговор или психолошка поддршка, ве молиме контактирајте ги центрите за психолошка поддршка што ги организира Универзитетот. Вашите професори и ментори исто така се отворени за разговор и разбирање.

За сите студенти кои, поради лична или семејна погоденост, не се во можност да присуствуваат редовно на предавања, наставниците ќе покажат разбирање.

Настаните како што се дипломски и магистерски одбрани, како и предавањата од гостински професори, ќе се одвиваат, но во достоинствен и смирен дух, соодветен на моментот и со почит кон сите настрадани.

Во овие денови на тишина и тага, повикуваме на заедништво, солидарност и почит.

Со почит,

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип