Search
|     contact@ugd.edu.mk

Пријавување на испити во Септемвриска двојна сесија 2024 година

Споделете

Се информираат студентите од сите три циклуси на студии за предвидените термини за реализација на испити во Септемвриска двојна сесија:

  • Пријавување на испити во Септемвриска двојна сесија 2024 е: Од 05.08.2024 (00:00 часот), до (заклучно со) 20.08.2024 (23:59 часот),
  • Полагање на испити во Септемвриска прва сесија 2024: Од 22.08.2024 до (заклучно со) 06.09.2024
  • Полагање на испити во Септемвриска втора сесија 2024: Од 10.09.2024 до (заклучно со) 25.09.2024

Потребни уплати за пријавување на испит за прв циклус на студии:

Напомена:

  • Студентите потребните средства за испит (износи од 20, 170 или 320 денари за редовна сесија, односно 320, 470 и 620 денари за дополнителна сесија) ги уплатуваат на приходна шифра 723013, со исклучок на:
    • General medicine – студентите не уплаќаат дополнителни средства за пријавување
    • Computer engineering and technologies и International law and international relations – Студентите ги уплатуваат овие суми на приходна шифра 723113
  • Шифрата Административна такса важи за сите (таму каде што е потребно).

Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус на студии:

Приходна шифра Сума
723013 520
Административна такса 50

520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава

Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.