Search
|     contact@ugd.edu.mk

Продолжен рок за заверка на парен семестар во учебна 2022/2023 година и пријавување на испити во Јунска втора сесија 2023

Споделете

Се информираат студентите од сите три циклуси на студии дека рокот за заверка на парен семестар и пријавување на испити во Јунска втора сесија 2023 е продолжен заклучно со 22.06.2023 година, 13:00 часот.

Пред заверка на семестар студентите е потребно да ги пријават проектните задачи за сите предмети и да ја имаат реализирано целата уплата за партиципација од тековниот семестар.

– за прв циклус на студии, финансиската уплата за пријавување на проектна задача изнесува 100,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019;

– за втор циклус на студии, финансиската уплата за пријава на проектна задача изнесува 1000,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.

Тарифникот за пријавување на испити по генерации е прикажан во продолжение:

 

Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус на студии:

 Приходна шифра  Сума
 723013  520
 Административна такса  50


520 = 500 
денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава

Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.

ЗАБЕЛЕШКАЗаверката  на семестар и пријавувањето на испитите ќе се реализира исклучиво преку електронскиот индекс за студенти