Search
|     contact@ugd.edu.mk

Проверете ги своите електронски индекси пред нивното пуштање во функција (за студенти од втор и трет циклус на студии)

Во контекст на соопштението објавено на 18.2.2021 година: Ве потсетуваме да ја проверите состојбата со Вашите електронски индекси
Споделете

Почитувани,

Во контекст на соопштението објавено на 18.2.2021 година

Ве потсетуваме да ја проверите состојбата со Вашите електронски индекси на линкот https://students.ugd.edu.mk, каде што е потребно да се најавите со Вашето корисничко име во формат Име.бројнаиндекс (Пр. janko.12345) и Вашата лозинка. За сите недоследности во досието, Ве молиме обратете се на:

2 циклус на студии: katerina.hadzivasileva@ugd.edu.mkmarjan.markov@ugd.edu.mkdimitar.ljubotenski@ugd.edu.mkeindex@ugd.edu.mk

3 циклус на студии: saska.atanasova@ugd.edu.mksladzana.mitrovska@ugd.edu.mkdimitar.ljubotenski@ugd.edu.mkeindex@ugd.edu.mk

Важно: Сите дописи поврзани со оваа проблематика испратете ги со поставување на сите погоре наведени адреси во To на е-поштата, во зависност од циклусот на студии.

Важно: Овие дописи е потребно да се испратат од Вашата студентска е-пошта. Во спротивно, за да бидат земени во предвид, во subject е неопходно да внесете име презиме број на индекс факултет насока тип на проблем.

Важно: За сите понатамошни активности поврзани со оваа категорија на студенти, ги охрабруваме и оние кои магистрирале/докторирале во меѓувреме, да ги проверат своите податоци и да реагираат на наведените адреси во насока на корекција на нивните податоци. Само така истите непречено ќе бидат дел од сите суштински и статистички операции и активности (АЛУМНИ клуб итн.) кои со сигурност ќе го засегаат нивното професионално дејствување во иднина.

Според планот (за промени ќе бидете навремено информирани), заверката на парниот семестар и пријавувањето на испити ќе се прави исклучиво преку електронскиот индекс. За таа цел, до тој момент е неопходно да бидат обработени сите претходни семестри (и пријави)! Затоа, проверете до каде е обработено Вашето досие од нашите служби и информирајте не’ за сите недоследности на адресите погоре.