Search
|     contact@ugd.edu.mk

Соопштение за упис на непарен семестар во учебна 2024/2025 година

Споделете

Се информираат студентите од прв, втор и трет циклус студии дека уписот на непарен семестар во учебна 2024/2025 година ќе се реализира електронски (преку е-индекс), во периодот од 10.7.2024 до 29.9.2024 година.

Напомена: Студентите кои веќе имаат услов за повисока студиска година запишуваат апсолвентски семестар или запишуваат година по втор или повисок пат (и не планираат пријавување на испити од предмети кои ќе се презапишат во тековните сесии), може да го сторат тоа без влијание на тековната и претстојните сесии. Оние што очекуваат да исполнат услов, запишувањето на семестар е потребно да го реализираат по стекнувањето со оцени од Септемвриска (двојна) испитна сесија 2024 година. Во прилог е легенда на потребните уплати за:

  • Прв циклус – сите можни случаи на упис на непарен семестар, во зависност од начинот на студирање и начинот на плаќање, кои е потребно да се реализираат при упис на непарен (1, 3, 5, 7, 9 и 11) по прв пат, втор пат, трет пат или повисок пат.
  • Втор и трет циклус на студии – непарен семестар по прв пат.

 

Прв циклус на студии:

 

  • За упис на трети семестар се потребни минимум 36 кредити;
  • За упис на петти семестар се потребни минимум 90 кредити;
  • За упис на седми семестар се потребни  минимум 150 кредити;
  • За упис на деветти семестар се потребни минимум 210 кредити и
  • За упис на единаесетти семестар се потребни 270 кредити.

 

Втор и трет циклус на студии:

Запишување на непарен семестар
Приходна шифра Сума
Административна такса 100
723012 Партиципација по семестар
723019 570