Search
|     contact@ugd.edu.mk

Соопштение за заверка на непарен (тековен) и упис на парен (нареден) семестар во учебна 2023/2024 година

Споделете

Се информираат студентите од прв,  втор и трет циклус на студии дека заверката на непарниот (тековен) и уписот на парниот (нареден) семестар во учебна 2023/2024 година ќе се реализира електронски (преку е-индекс), во периодот:

  • Од 25.12.2023 година до 18.01.2024 година – заверка на непарен семестар;
  • Од 18.01.2024 година до 15.02.2024 година – упис на парен семестар

Прв циклус на студии

Заверка на непарен семестар

Предуслови за заверка на непарен семестар се:

– Подмирени трошоци за партиципација (и сите други трошоци/долгови) за непарниот семестар;

– Електронски потпис по сите предмети за редовните студенти. Постои можност за купување најмногу до 2 потписи (100 денари од кредит на приходна шифра 723019);

– Пријавени проектни задачи по сите предмети (100 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013);

– 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, по основ партиципација или друг основ).

Напомена:

  • General medicine – уплаќаат само партиципација на приходна шифра 723113, која е неопходно да биде целосно подмирена при заверката на непарниот семестар, за истиот тој семестар.
  • Computer engineering and technologies и International law and international relations – Сите трошоци (партиципација + останати) на приходна шифра 723113

Упис на парен семестар

Предуслови за упис на парен семестар:

– Заверен непарен семестар;

– Расположливи средства од:

Напомена:

  • General medicine – уплаќаат само партиципација на приходна шифра 723113 (најмалку ½ од износот кој е предвиден за цел семестар);
  • Computer engineering and technologies и International law and international relations – Сите трошоци (партиципација најмалку ½ од износот кој е предвиден за цел семестар) + останати) на приходна шифра 723113 + административна такса.

Втор и трет циклус на студии

Заверка на непарен семестар

Предуслови за заверка на непарен семестар се:

– Пријавени проектни задачи по сите предмети (1000 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013) – ова важи само за втор циклус на студии!

– 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, по основ партиципација или друг основ).

Упис на парен семестар

Предуслови за упис на парен семестар:

– Заверен непарен семестар;

– Расположливи средства од: