Почитувани,
Ве потсетуваме дека се наближува крајниот рок за упис на парен семестар – 18 февруари 2024 год. Неопходно е најдоцна до овој датум да го запишете парниот семестар, заедно со изборните предмети, со цел ваше навремено додавање во сите потребни групи во рамките на Microsoft Teams платформата и следење на наставата која започнува 19 февруари 2024 год. (оние кои нема да запишат семестар нема да бидат додадени во тимовите).
Предуслови:
- Заверен непарен семестар во учебна 2023/2024 година со целосно исплатени трошоци,
- Уплата на потребните трошоци за упис на семестар:
Напомена: Студенти во квота со кофинансирање, вонредни и странски студенти може да платат минимум половина од партиципацијата при упис на парен семестар (во прилог сумите во денари):
Категорија на студенти | Износ на партиципација за цел семестар | Половина од износот во денари (минимум за упис на парен семестар) |
Со кофинансирање, вонредни | 400 евра (24.500 денари) | 200 евра (12.250 денари) |
Странски државјани (или македонски државјани на англиски програми на правен факултет) | 500 евра (30.625 денари) | 250 евра (15.315 денари) |
Странски државјани | 750 евра (45.940 денари) | 375 евра (22.970 денари) |
За сите прашања, ве молиме обратете се на студентски прашања (https://www.ugd.edu.mk/fakulteti-akademii/) / странски студенти – на dimitar.ljubotenski@ugd.edu.mk.