Search
|     contact@ugd.edu.mk

Заверка на парен семестар и пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2024 година за прв, втор и трет циклус студии

Споделете

Се информираат студентите од сите три циклуси на студии дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за заверка на парен семестар во учебна 2023/2024 година и пријавување на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2024 година.

Терминот за заверка на парен семестар во учебната 2023/2024 година е од 20 мај 2024 г. до (заклучно со) 5 јуни 2024 г. (23:59 часот).

Пред заверка на семестар студентите треба да ги пријават проектните задачи за сите предмети и да ја имаат реализирано целата уплата за партиципација од тековниот семестар.

– За прв циклус студии финансиската уплата за пријавување на проектна задача изнесува 100,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.

– За втор циклус студии финансиската уплата за пријава на проектна задача изнесува 1000,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.

Терминот за реализација на испити во Јунска (двојна) испитна сесија 2024 година за сите три циклуси на студии е ист и ќе се реализира во следните термини:

Пријавување на испити:

– Јунска прва сесија 2024 година: од 20 мај 2024  г. до (заклучно со) 10 јуни 2024 г. и

– Јунска втора сесија 2024 година: од 20 мај 2024 г. до (заклучно со) 17 јуни 2024 г.

Полагање на испити:

– Јунска прва сесија 2024 година: од 13 јуни 2024 г. до (заклучно со) 25 јуни 2024 г. и

– Јунска втора сесија 2024 година: од 26 јуни 2024 г. до (заклучно со) 9 јули 2024 г.

Потребни уплати за пријавување на испит за прв циклус студии:

Напомена:

  • Студентите ги уплатуваат потребните средства за испит (износи од 20, 170 или 320 денари за редовна сесија, односно 320, 470 и 620 денари за дополнителна сесија) на приходна шифра 723013, со исклучок на:
    • General medicine – студентите не уплатуваат дополнителни средства за пријавување;
    • Computer engineering and technologies и International law and international relations – Студентите ги уплатуваат овие суми на приходна шифра 723113.
  • Шифрата Административна такса важи за сите (таму каде што е потребно).

Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус студии:

Приходна шифра Сума
723013 520
Административна такса 50

520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава

Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.

ЗАБЕЛЕШКА: Заверката  на семестар и пријавувањето на испитите ќе се реализираат исклучиво преку електронскиот индекс за студенти.