Search
|     contact@ugd.edu.mk

Конкурс за Еразмус+ програмата за мобилности за вработени

Споделете

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности и тоа за:

Мобилности за вработени

Конкурсот е отворен за:

  • 5 мобилности за нaставнички кадар;
  • 4 мобилности за административен кадар.

Селектираните кандидати треба сами да воспостават контакт со институцијата и да добијат писмо за прифаќање.

Мобилноста во високообразовните институции во ЕУ трае најмногу 5 (пет) работни дена. Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите).

Критериуми за апликација:

  • Право на пријавување имаат сите вработени (наставнички, соработнички и административен кадар) на Универзитет „Гоце Делчев “ – Штип кои не користеле Еразмус + мобилност во последните 2 (две) години;
  • Предност имаат кандидатите кои првпат аплицираат на програмата.

Мобилностите по овој Конкурс треба да завршат најдоцна до 31.7.2024 година.

Потребни документи кои вработените задолжително ги доставуваат на распишаниот Конкурс за Еразмус+ мобилности се:

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:

http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

Важни информации

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат во Канцеларијата за меѓународна соработка или на портирница на Кампус 2 во коверт со назнака:

Одделение за меѓународна соработка (за Еразмус + конкурс)

(Кампус 2)

Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р. Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 15 февруари до 1 март 2024 година.

Конкурс за Еразмус+ програмата за мобилности за вработени (.pdf)