Search
|     contact@ugd.edu.mk

УГД ја потпиша Повелбата „Magna Carta Universitatum – MCU 2020“

Споделете

Со големо задоволство споделуваме дека Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ја потпиша Повелбата „Magna Carta Universitatum – MCU 2020“. Оваа Повелба ја изразува глобалната посветеност да се промовира и да се поддржи академската слобода, институционалната автономија, поврзаноста помеѓу образованието и науката, социјалната одговорност и темелните вредности на високото образование. Повелбата е потпишана од повеќе од 900 универзитети кои се заложија да ги промовираат нејзините принципи и вредности како на локално, така на национално и на меѓународно ниво.

Приклучете се кон потпишување на MCU 2020 и станете дел од заедницата посветена на континуирано подобрување на иднината на високото образование.

Повеќе информации околу процесот на апликација може да се најдат на следниов линк: https://www.magna-charta.org/magna-charta-universitatum/mcu2020

#MCU2020 #ResponsibleUniversities #AcademicFreedom