Студиски програми
Како реномирана јавна високообразовна институција, Универзитетот “Гоце Делчев’ нуди и студиски програми од трет циклус, на ниво на докторски студии на различни факултети. Достапните студиски програми се креирани така што ќе овозможат темелно истражување и академска работа во одредена област. Преку ваквите програми, студентите на трет циклус се подготвуваат за академски или истражувачки кариери или за професионална работа во област која бара напредно знаење и вештини.
Студиските програми од трет циклус се распределени во три пошироки научно-истражувачки подрачја, односно на три кампуси, и тоа:
- Кампус 2 за техничко-технолошки науки, биотехнички науки и природно-математички науки
- Кампус 3 за медицински науки и
- Кампус 4 за општествени и хуманистички науки
За академската 2024/2025 година на Универзитетот „Гоце Делчев“ достапни се следните студиски програми од трет циклус, распоредени по кампуси.
(Студиските програми од трет циклус за претходните години, како и листата на ментори и другите важни документи се достапни на следниот линк: Архива )
Компјутерски науки и инженерство
Инженерство за заштита на животна средина
Инженерство за заштита на работна средина
Подготовка на минерални суровини
Фитомедицина – заштита на растенијата
Генетика и селекција на растителното производство
Наука за земјиштето и хидрологија
Наука и технологија за композитни материјали
Наоѓалишта на минерални суровини
Петрологија, минералогија и геохемија
За академската 2023/2024 година на Универзитетот „Гоце Делчев“ достапни се следните студиски програми од трет циклус, распоредени по кампуси.
(Студиските програми од трет циклус за претходните години, како и листата на ментори и другите важни документи се достапни на следниот линк: Архива )