5 Temmuz 2023 tarihinde, Ştip’teki “Gotse Delçev” Üniversitesi, 2023/2024 akademik yılında üniversite ve mesleki eğitimin Lisans Kayıdı ilanı duyurdu. Eğitimi tamamladıktan sonra bir üniversite veya profesyonel diploma alınır.
Согласно со објавениот Конкурс, за оваа учебна година на УГД има вкупно 3982 слободни места, од кои 2236 се предвидени за редовни студенти во државна квота, 976 се предвидени за редовни студенти со кофинансирање, додека 770 би биле вонредни студенти.
Истовремено со објавувањето на Конкурсот, се отвори и електронскиот систем за аплицирање на заинтересираните апликанти, кои веќе можат да аплицираат преку оваа онлајн платформа. Оригиналните документи подоцна се доставуваат во објавените уписни рокови. Првиот уписен рок е на 21, 22, 23 и 24 август, вториот на 6 и 7 септември, а третиот на 18 и 19 септември.
И оваа година, како и претходната, Универзитетот „Гоце Делчев“ доделува стипендии на најдобро рангираните кандидати на факултетите во вид на ослободување од плаќање на партиципацијата за првата година од студирањето. Бројот на студентите што ќе бидат стипендирани е различен за секој факултет и зависи од големината на самиот факултет.
Следуваат дополнителни важни информации во врска со Уписите 2023/2024 година, а целиот објавен Конкурс е достапен на следниот линк: Конкурс за прв циклус 2023-2024 (.pdf)
Кампус 1
Ликовна академија – la.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Музичка академија – ma.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Филмска академија – fa.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Кампус 2
Земјоделски факултет – zf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Машински факултет – mf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Електротехнички факултет – etf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Технолошко-технички факултет – ttf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Факултет за информатика – fi.ugd.edu.mk/studii/prvCiklus
Факултет за природни и технички науки – fptn.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Кампус 3
Факултет за медицински науки – fmn.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Кампус 4
Економски факултет – ef.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi
Правен факултет – pf.ugd.edu.mk
Филолошки факултет – ff.ugd.edu.mk
Факултет за образовни науки – fon.ugd.edu.mk
Факултет за туризам и бизнис логистика – ftbl.ugd.edu.mk
1. Студиски програми за кои се врши проверка на знаења и умеења Музичка академија – проверка на знаења се врши за студиските програми: Оддел за Дипломиран музички теоретичар и музички педагог, Оддел за Дипломиран етнокореолог, Оддел за Дипломиран музичар изведувач, Оддел за Дипломиран џез музичар.
- За подетални информации испратете е-маил продеканката Проф. Валентина Велковска Трајановска valentina.trajanovska@ugd.edu.mk
Ликовна академија – проверка на знаења се врши за студиските програми Класично сликарство и Вајарство
- За подетални информации испратете е-маил до продеканот проф. Јордан Ефремов jordan.efremov@ugd.edu.mk
Филмска академија – проверка на знаења се врши за студиската програма Современ танц и Балетска педагогија
- За подетални информации испратете е-маил до проф. Рисима Рисимкин на risima.matevska@ugd.edu.mk и доцент Адријана Данчевска на adrijana.dancevska@ugd.edu.mk
2. Студиски програми за кои се врши проверка на психофизички способности
Факултет за образовни науки – проверка на психофизички способности се врши на следните студиски програми: Одделенска настава, Предучилишно воспитување и Педагогија
ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА Tестирањето се одвива во 3 дена, и тоа со следните содржини:
Класично сликарство
- Цртање портрет (4 часа)
- Цртање акт (4 часа)
- Сликање мртва природа со акварел (4 часа)
Вајарство
- Цртање портрет (4 часа)
- Цртање акт (4 часа)
- Вајање слободна форма (4 часа)
МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА
Студиска програма: Теорија на музиката и музичка педагогија
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
- Диктат – во тоналитет до два предзнаци
- Пеење прима виста на непозната вежба
- Слушање и препознавање на трозвуци
II – ДЕЛ (ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈА)
- Градење на зададени трозвуци,
- Градење на трозвуци и четиризвуци со зададен басов тон,
- Градење на квинтакорди во зададени тоналитет со зададени стапала.
Литература:
- Marko Tajcevic. 1962. Osnovna teorija muzike.Beograd: Prosveta
III – ДЕЛ (ПИЈАНО)
- Полифона композиција по избор
- Соната по избор
- Етида по избор
- Композиција по слободен избор
Студиска програма: Етнокореологија
- Диктат – во тоналитет до два предзнаци
- Пеење прима виста на непозната вежба
- Слушање и препознавање на трозвуци
- практични познавања на етнокореолошката наука
- играорски предиспозиции
- играчки репертоар
- синхронизирани вежби
- методика на народни ора
- теориски познавања на етнокореолошката наука
- Димоски Михаило, Народните ора и орската традиција, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје 1996, стр. 281-286.
- Пенушлиски Кирил, Македонски фолклор, Историски преглед, Ора и орски песни, Матица македонска, Скопје- Мелбурн, 1999, стр. 509-519.
- Јаневски Владимир, Главни карактеристики на играорните подрачја, Зборник на трудови II, Илинденски денови, Битола 2010.
- Студиска програма: Музичар изведувач (Флејта, Кларинет, Труба, Виолина, Гитара, Хармоника, Ударни инструменти, Саксофон)
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
- Диктат – во тоналитет до два предзнаци
- Пеење прима виста на непозната вежба
- Слушање и препознавање на трозвуци
II – ДЕЛ (МУЗИЧАР ИЗВЕДУВАЧ)
- Етида по избор
- Виртуозна пиеса
- Циклично дело
- Студиска програма: Музичар изведувач (пијано)
- Диктат – во тоналитет до два предзнаци
- Пеење прима виста на непозната вежба
- Слушање и препознавање на трозвуци
- Полифона композиција по избор
- Концертна етида по избор
- Соната по избор
- Композиција по слободен избор
- Студиска програма: Соло пеење
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
- Диктат – во тоналитет до два предзнаци
- Пеење прима виста на непозната вежба
- Слушање и препознавање на трозвуци
II – ДЕЛ (ВОКАЛНО ПЕЕЊЕ)
Изведба на три композиции од различни епохи:- Стара класика
- Романтизам
- Арија
- Студиска програма: Џез студии (џез гитара, џез бас, џез тапани, џез саксофон, џез труба, џез пијано)
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
- Слушање, препознавање на интервали и трозвуци.
II – ДЕЛ (ПИСМЕН ТЕСТ)
- Теорија – Историја
Литература:
- The History of Jazz – Ted Gioia (или извор по слободен избор на кандидатот),
- Тhe Jazz Theory Book – Mark Levine (или извор по слободен избор на кандидатот).
III – ДЕЛ (МАТИЧЕН ИНСТРУМЕНТ)
- Блуз композиција (слободен избор)
- Џез стандард (слободен избор)
Литература:
- The Real Book – Jazz Standards, (или извор по слободен избор на кандидатот)
I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)
II – ДЕЛ (ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА)
Литература:
ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
- Аудициите за катедрата за Современ танц за насока, за додипломски студии на англиски јазик и Балетска педагогија, годинава се организирани со физичко присуство. Секој потенцијален кандидат треба да испрати биографија, писмо на намери (може да е вклучено во видеото) и видео материјал, во кој ја презентира својата техничка подготвеност во класичен и современ танц, како и дел со импровизација. Потоа се закажува термин со физичко присуство, аудиција во просториите на Филмската академија во Скопје
- Кандидатите поднесуваат/креираат електронска апликација со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за пријавување:
- На студиски програми на кои НЕ СЕ врши проверка на знаења и умеења:
- 300 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
- 50,00 денари административна такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)
- На студиски програми на кои СЕ врши проверка на знаења и умеења:
- 500 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
- 50,00 денари административна такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)
- На студиски програми на кои НЕ СЕ врши проверка на знаења и умеења:
- По поднесувањето/креирањето на електронска апликација, кандидатот ги доставува физичките документи (оригинали) секој работен ден од 09 до 13 часот на наведените локации (документи не се испраќаат преку е-пошта). Притоа само кандидатите кои ќе достават физички документи (со цел проверка на внесените информации) ќе бидат рангирани. Документите е потребно да се достават НАЈДОЦНА заклучно со последниот ден од официјалните рокови за пријавување на кандидати (НАЈДОБРО ПОРАНО). Потребни документи се:
- Пријава за упис која се генерира од апликацијата за упис
- Свидетелства од 4-те години средно образование + диплома (државна матура, меѓународна матура, без матура)
- Извод од матичната книга на родените (не постар од 6 месеци);
- Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение, не постар од 6 месеци).
- Лицата со посебни права да ги достават дополнителните документи според конкурсот (IV- 8)
- Во случај на уплата преку институции за ПП (банки, пошти), овие уплатници се приложуваат заедно со останатите документи:
- Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип 100000000063095
- Сметка на корисник 1600160330-788-18
- Приходна шифра 723019
- Програма 44
- Образец ПП-50
- Кандидатите кои нема да бидат задоволни од прелиминарните резултати, имаат право за поднесување на ПРИГОВОРИ на наменската е-пошта, од нивната е-адреса со која се регистрирале на системот за пријавување, наведување на евидентниот број и причината за приговорот. Резултатите од поднесените приговори се објавуваат исто така на веб страната на УГД.
- Во соодветните рокови, ќе се генерираат конечни решенија за прием на кандидати, врз основа на кои примените кандидати е потребно да се запишат на Универзитетот.
- Кандидатите поднесуваат/креираат електронско барање за префрлување со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за поднесување на барањето за префрлување од друг Универзитет. Постапката е следна:
- Кандидатот ги уплатува потребните средства за поднесување на електронското барање за префрлување (50 денари за административна такса);
- Кандидатот ги пополнува основните податоци, и
- Кандидатот ги пополнува податоците за барањето/студирањето (од кој Универзитет/факултет доаѓа, на кој факултет/студиска програма/начин на студирање/плаќање бара да се префрли на УГД);
- Описно наведува што е барањето (доколку бара да се признаат одредени испити положени претходно, овде го наведува истото);
- Ги прикачува потребните документи (на пример, уверение со положени испити од претходната институција).
- По креирањето на електронското барање, кандидатот го следи неговиот статус и моментална инстанца на одлучување. Процесирањето на барањето завршува со промена на статусот на барањето во Одобрено или Одбиено.
- По пријавување во електронскиот систем, документите можете да ги доставите до најблиската локација, без разлика на коj факултет сте се пријавиле.
- Доставување на документи може да се изврши во една од посочените локации по 07.08.2023 во периодот од 8:00 до 13:00 часот.
- Документите мора да се достават најдоцна до последниот ден за пријавување согласно конкурсот.
- Адреса за поднесување на приговори: prigovori@ugd.edu.mk
- Образец за поднесување на приговор (се испраќа пополнет на наведената адреса): Образец
- Рокови: Прв уписен рок: 29 август / Втор уписен рок: 12 септември / Трет уписен рок: 21 септември.
Примените кандидати КОИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЕЛЕКТРОНСКИ и ги има на конечни решенија за прием: upisi.ugd.edu.mk, е потребно да се запишат електронски, преку модулот за пријавување и запишување: eupisi.ugd.edu.mk.
- Се пристапува на е-пријавата и се клика на Запиши се:
Се плаќаат сите потребни средства за упис на УГД и прв семестар наведени во табелата: (на секоја приходна шифра се прави посебна уплата за секоја сума, со платежната картичка со која располагате, преку линкот еКомеција):
ВАЖНО: ДОКОЛКУ УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ПРЕКУ Е-КОМЕРЦИЈА НЕ СЕ ВИДЛИВИ ВЕДНАШ, ВЕ МОЛИМЕ ПОЧЕКАЈТЕ (НЕ ПОВЕЌЕ ОД 60 МИНУТИ) ИСТИТЕ ДА СЕ КРЕИРААТ ВО СИСТЕМОТ, ПО ШТО МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИТЕ ПОНАТАМУ СО ЗАПИШУВАЊЕТО
ПОСЛЕ уплатата на СИТЕ потребни средства, се појавува опција за избор на изборни предмети (доколку има) во прв семестар и се клика на Запиши семестар:
Системот генерира порака со информации за креираниот електронски индекс:
- Да ги реализираат потребните уплати за упис на УГД и прв семестар (ВИДИ УПЛАТИ), преку електронско банкарство или платен промет – банка/пошта;
- Скенови/копии/квалитетни фотографии (од мобилен уред) од реализираните уплати, во електронска форма да ги испратат на следната електронска пошта: zapisuvanje@ugd.edu.mk, со назнака дека се работи за уплати за запишан кандидат со ЕВИДЕНТЕН БРОЈ ИМЕ ПРЕЗИМЕ ФАКУЛТЕТ НАСОКА, како и ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ОД ПРВ СЕМЕСТАР респективно за кандидатот, и
- Ќе добијат повратна е-пошта со информации за креиран електронски индекс и запишан прв семестар.
ВАЖНО ЗА СИТЕ НОВИ СТУДЕНТИ:
- Од 5 најдоцна до 31 октомври 2022 година, секој новозапишан студент, на шалтерот на одделението за студентска архива е потребно:
- Да приложи потврда за лично годишно осигурување во осигурителна компанија по избор на студентот, со минимален износ од 150,00 денари за тековната година, и
- Да приложи Три фотографии (2 од 6х9 и 1 од 4х5).
Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати. Листа на студентски прашања по факултет/град
:
Студентите на прв циклус студии кои се запишани на конкурс или со префрлување на УГД во прва студиска година во учебна 2023/2024 година се прикажани на следната ЛИСТА. Листата континуирано ќе се ажурира, во согласност со уписните рокови и обработката на податоците од страна на Универзитетот.
За сите студенти од листата се генерирани броеви на индекси и се креирани кориснички профили за следните ресурси:
При најава на сите горенаведени електронски ресурси од страна на студентот се користи ИСТОТО корисничко име/лозинка во следниот формат:
Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)
Иницијална лозинка: Ugd<Матичен број> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матичен број> се внесува матичниот број на студентот.
Поради безбедносни причини се препорачува да се промени иницијалната лозинка при првото најавување на кој било од горенаведените електронски ресурси.