Search
|     contact@ugd.edu.mk

Проректор за инвестиции и развој

одговорен за организација на инвестициите и развојот

Проф. д-р Дарко Лазаров

Проректорот за инвестиции, одржување и развој врши работи од надлежност на ректорот, кои му се пренесени со овластување, а кои се однесуваат на активности поврзани со набавката, одржувањето и модернизацијата на опремата и објектите со кои располага Универзитетот.

Во таа насока, во рамките на надлежностите на Проректорот спаѓаат и јавните набавки, односно активности во доменот на планирањето на годишните набавки, утврдување на нивната вредност и изготвување на спецификации согласно со потребите и барањата на Универзитетот, како и нивното спроведувањето. Дополнително е задолжен и за утврдување, планирање и развој на нови функционалности и модернизирање на единиците на УГД.

Во доменот на работата на Проректорот за инвестиции, одржување и развој спаѓа и Центарот за трансфер на технологии, каде што се работи на континуирано унапредување на науката и истражувањата, како и заемно поврзување на науката и образованието.

Унапредувањето на домашната и на меѓународната соработка во трансферот на знаења, обука и примена и унапредувањето на користењето на резултатите од истражувањата, поврзувањето на идеи, технологии и креативната сила на Универзитетот со стопанството, како и комерцијалните истражувања се исто така значаен дел од работата на Проректорот.

Функцијата Проректор за инвестиции, одржување и развој ја извршува проф. д-р. Дарко Лазаров од Економскиот факултет