Проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска
Проректорката за меѓународна соработка примарно е задолжена за организирање и реализирање на високостручна соработка со универзитети од земјата и од странство, како и за организирање и реализирање на соработки, научни собири и мобилности на студенти и вработени.
Во таа насока, службите во нејзина надлежност работат и на постојано организирање на настани и презентации за програми за стипендии, како и редовно известување на заинтересираните страни и јавноста за тековните конкурси за стипендии.
Во делот на работата на Проректорот за меѓународна соработка влегува и ЕКТС системот, односно административната поддршка за реализирање на преминот на студентите од една на друга студиска програма или од една на друга високообразовна единица во состав на Универзитетот, како и од еден на друг универзитет во земјава или во странство.
Функцијата Проректор за наука ја извршува проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска од Правниот факултет