
Проф. д-р Мишко Џидров
Проректорот за настава и студенти е одговорен за организирање на наставата и образовниот процес на Универзитетот, при што делод неговите главни задачи се: дефинирање на условите и критериумите за студирање на прв циклус на студии, обезбедување на квалитет на студиите, целосно спроведување на Болоњскиот процес, како и зголемување на мобилноста на студентите и наставниот кадар.
Дополнително, тој ја координира образовната и научно-истражувачката дејност на Универзитетот и е одговорен за процесот на акредитација на програми за првиот циклус на студиите.
Функцијата Проректор за настава ја извршува проф. д-р. Мишко Џидров, од Машинскиот факултет.