Search
|     contact@ugd.edu.mk

Ректор

раководен орган на универзитетот

Проф. д-р Дејан Мираковски

Ректорот претставува највисок раководен орган на Универзитетот „Гоце Делчев“ кој е одговорен и се грижи за целокупното работење на Универзитетот и единиците во неговиот состав. Една од најважните обврски на Ректорот е да го промовира и да го унапредува образовниот процес и активности, како и да работи на усогласување на високообразовната, научно-истражувачката, уметничката и апликативната дејност на Универзитетот.

Ректорот го планира и го организира работењето, ја предлага внатрешната организациона структура и управува и се грижи за целиот имот што го поседува УГД. Ректорот извршува и низа церемонијални должности, односно го застапува Универзитетот во јавноста, работи на остварување соработка со универзитети, институции и компании во Македонија и странство, доделува награди и промовира доктори на науки. За своето работење и работењето на Универзитетот, има обврска еднаш во годината да поднесе извештај до Сенатот.

Функцијата Ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ почнувајќи од септември 2022 година со мандат од 3 години ја извршува проф. д-р Дејан Мираковски од Факултетот за природни и технички науки.