Ректорска управа на УГД
Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ е составена од Ректорот на Универзитетот, проректорите, деканите на факултетите, директорите на високите стручни школи и еден претставник на студентите од Универзитетско Студентско Собрание. Во работата на Ректорската управа учествува и генералниот секретар на Универзитетот, но тој нема право на одлучување. Ректорската управа ги извршува следните активности:
- Подготвува и предлага акти и материјали за прашања за кои одлучува Сенатот;
- Го утврдува и го објавува конкурсот за запишување на студиите од прв и втор циклус по претходна согласност од Владата на Република Македонија;
Дава мислење за студиските програми на факултетите, односно високите стручни школи; - Избира и разрешува генерален секретар на Универзитетот, на предлог на Ректорот;
- Донесува одлуки за тековната меѓународна соработка на Универзитетот;
- Го уредува издавањето дипломи и други документи за завршени студии на високото образование;
- Утврдува предлог за висината на кофинансирањето и партиципацијате на студентите на факултетите и високата стручна школа;
- Одлучува за издавачката дејност на Универзитетот и врши и други работи определени со Статутот на Универзитетот.
Ректорската управа ја сочинуваат следните членови
Ред. бр. | Име и Презиме | Организациска единица |
Ректор | ||
1 | Проф. д-р Дејан Мираковски | Ректорат |
Проректори | ||
2 | Проф. д-р Зденка Стојановска | Ректорат |
3 | Проф. д-р Мишко Џидров | Ректорат |
4 | Проф. д-р Дарко Лазаров | Ректорат |
5 | Проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска | Ректорат |
Генерален секретар | ||
6 | М-р Ристо Костуранов | Ректорат |
Советник | ||
7 | М-р Кристина Ѓорѓиевска | Ректорат |
Декани | ||
8 | Проф. д-р Ацо Јаневски | Технолошко-технички факултет |
9 | Проф. д-р Василија Шарац | Електротехнички факултет |
10 | Проф. д-р Ѓорѓи Димов | Факултет за природни и технички науки |
11 | Проф. д-р Емилија Арсов | Земјоделски факултет |
10 | Проф. д-р Емилија Петрова Ѓорѓева | Факултет за образовни науки |
11 | Проф. м-р Златка Митева | Музичка академија |
12 | Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска | Филолошки факултет |
13 | Доц. д-р Сара Сребренкоска | Машински факултет |
14 | Проф. д-р Милка Здравковска | Факултет за медицински науки |
15 | Проф. д-р Олга Кошевалиска | Правен факултет |
16 | Проф. д-р Оливера Ѓорѓиева Трајковска | Економски факултет |
17 | Проф. д-р Петар Намичев | Ликовна академија |
18 | Проф. д-р Рисима Матевска Мијановиќ (Рисимкин) | Филмска академија |
19 | Проф. д-р Сашо Коцески | Факултет за информатика |
20 | Проф. д-р Татјана Бошков | Факултет за туризам и бизнис логистика |
Студент | ||
20 | Сара Денкова | Универзитетско студентско собрание |