Search
|     contact@ugd.edu.mk

Уписи прв циклус 2024/2025

Согласно со објавениот Конкурс, за оваа учебна година на УГД има вкупно 3983 слободни места, од кои 2223 се предвидени за редовни студенти во државна квота, 950 се предвидени за редовни студенти со кофинансирање, додека 810 би биле вонредни студенти.

Истовремено со објавувањето на Конкурсот се отвори и електронскиот систем за аплицирање на заинтересираните апликанти, кои веќе можат да аплицираат преку оваа онлајн платформа. Оригиналните документи подоцна се доставуваат во објавените уписни рокови.
Првиот уписен рок е 20-23 август, вториот 5-6 септември, а третиот 18-19 септември.

И оваа година, како и претходната, Универзитетот „Гоце Делчев“ им доделува стипендии на најдобро рангираните кандидати на факултетите во вид на ослободување од плаќање на партиципацијата за првата година од студирањето. Бројот на студентите што ќе бидат стипендирани е различен за секој факултет и зависи од големината на факултетот. Повеќе информации во Конкурсот.

Конкурсот е достапен на следниов линк: Конкурс за прв циклус студии 2024-2025 , трет уписен рок (.pdf)

  1. Кандидатите поднесуваат/креираат електронска апликација со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за пријавување:
    1. На студиски програми на кои НЕ СЕ врши проверка на знаења и умеења:
      • 300 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
      • 50,00 денари административна  такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)
    2. На студиски програми на кои СЕ врши проверка на знаења и умеења:
      • 500 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
      • 50,00 денари административна  такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)

НАПОМЕНА: Препорачуваме електронска уплата на средствата за пријавување, заради моментално книжење на истите во електронскиот систем за пријавување и максимална транспарентност.

  1. По поднесувањето/креирањето на електронска апликација, кандидатот ги доставува физичките документи (оригинали) секој работен ден од 09 до 13 часот на наведените локации (документи не се испраќаат преку е-пошта). Притоа само кандидатите кои ќе достават физички документи (со цел проверка на внесените информации) ќе бидат рангирани. Документите е потребно да се достават НАЈДОЦНА заклучно со последниот ден од официјалните рокови за пријавување на кандидати (НАЈДОБРО ПОРАНО). Потребни документи се:
    1. Пријава за упис која се генерира од апликацијата за упис
    2. Свидетелства од 4-те години средно образование + диплома (државна матура, меѓународна матура, без матура)

*Свидетелствата и дипломата стекнати во странство треба да бидат нострифицирани.

  1. Извод од матичната книга на родените (не постар од 6 месеци);
  2. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение, не постар од 6 месеци).
  3. Лицата со посебни права да ги достават дополнителните документи според конкурсот (IV- 8)
  4. Во случај на уплата преку институции за ПП (банки, пошти), овие уплатници се приложуваат заедно со останатите документи:
    • Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип 100000000063095
    • Сметка на корисник 1600160330-788-18
    • Приходна шифра 723019
    • Програма 44
    • Образец ПП-50
  1. Кандидатите кои нема да бидат задоволни од прелиминарните резултати, имаат право за поднесување на ПРИГОВОРИ на наменската е-пошта, од нивната е-адреса со која се регистрирале на системот за пријавување, наведување на евидентниот број и причината за приговорот. Резултатите од поднесените приговори се објавуваат исто така на веб страната на УГД.
  2. Во соодветните рокови, ќе се генерираат конечни решенија за прием на кандидати, врз основа на кои примените кандидати е потребно да се запишат на Универзитетот.

Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

eupisi.ugd.edu.mk

Процедура за премин на студентите внатре во Универзитетот и од други универзитети

ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ СО ПРЕФРЛУВАЊЕ ОД ДРУГИ УНИВЕРЗИТЕТИ

  1. Кандидатите поднесуваат/креираат електронско барање за префрлување со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за поднесување на барањето за префрлување од друг Универзитет. Постапката е следна:
    1. Кандидатот ги уплатува потребните средства за поднесување на електронското барање за префрлување (50 денари за административна такса);
    2. Кандидатот ги пополнува основните податоци, и
    3. Кандидатот ги пополнува податоците за барањето/студирањето (од кој Универзитет/факултет доаѓа, на кој факултет/студиска програма/начин на студирање/плаќање бара да се префрли на УГД);
    4. Описно наведува што е барањето (доколку бара да се признаат одредени испити положени претходно, овде го наведува истото);
    5. Ги прикачува потребните документи (на пример, уверение со положени испити од претходната институција).
  2. По креирањето на електронското барање, кандидатот го следи неговиот статус и моментална инстанца на одлучување. Процесирањето на барањето завршува со промена на статусот на барањето во Одобрено или Одбиено.

НАПОМЕНА: Препорачуваме електронска уплата на средствата за пријавување, заради моментално книжење на истите во електронскиот систем за пријавување и максимална транспарентност.

Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

Кампус 1

Ликовна академија – la.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Музичка академија – ma.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Филмска академија – fa.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

 

Кампус 2

Земјоделски факултет – zf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Машински факултет – mf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Електротехнички факултет – etf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Технолошко-технички факултет – ttf.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Факултет за информатика – fi.ugd.edu.mk/studii/prvCiklus

Факултет за природни и технички науки – fptn.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

 

Кампус 3

Факултет за медицински науки – fmn.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

 

Кампус 4

Економски факултет – ef.ugd.edu.mk/index.php/mk/studiski-programi

Правен факултет – pf.ugd.edu.mk

Филолошки факултет – ff.ugd.edu.mk

Факултет за образовни науки – fon.ugd.edu.mk

Факултет за туризам и бизнис логистика – ftbl.ugd.edu.mk

Рокови за пријавување:

  • прв уписен рок 20-23 август,
  • втор уписен рок 5-6 септември,
  • трет уписен рок 18-19 септември.

Рокови за проверка на знаење и умеење на Музичка академија:

Полагање на приемен испит за Општа медицина на англиски и на македонски јазик 

Рокови за проверка на психофизички способности на Факултет за образовни науки

1. Студиски програми за кои се врши проверка на знаења и умеења Музичка академија – проверка на знаења се врши за студиските програми: Музичка теорија и педагогија, Етнокореологија, Музичар изведувач, Џез музичар (студиските програми на македонски и на англиски јазик).

  • За подетални информации испратете е-маил продеканката проф. Валентина Велковска Трајановска valentina.trajanovska@ugd.edu.mk

Ликовна академија – проверка на знаења се врши за студиските програми Класично сликарство и Вајарство

  • За подетални информации испратете е-маил до продеканот проф. Јордан Ефремов jordan.efremov@ugd.edu.mk

Филмска академија – проверка на знаења се врши за студиската програма Современ танц и Балетска педагогија

2. Студиски програми за кои се врши проверка на психофизички способности

Факултет за образовни науки – проверка на психофизички способности се врши на следните студиски програми: Одделенска настава, Предучилишно воспитување и Педагогија

  • За подетални информации ќе бидете контактирани после пријавувањето во нашиот онлајн систем. Информации може да добиете и од продеканката проф. Даниела Коцева на daniela.koceva@ugd.edu.mk

ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА Tестирањето се одвива во 3 дена, и тоа со следните содржини: 

Класично сликарство

  • Цртање портрет (4 часа)
  • Цртање акт (4 часа)
  • Сликање мртва природа со акварел (4 часа)

 

Вајарство

  • Цртање портрет (4 часа)
  • Цртање акт (4 часа)
  • Вајање слободна форма (4 часа)

 

МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА

    • Студиска програма: Музичка теорија и педагогија

      I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

      • Диктат – во тоналитет до два предзнаци
      • Пеење прима виста на непозната вежба
      • Слушање и препознавање на трозвуци

       

      II – ДЕЛ (ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈА)

      • Градење на зададени трозвуци,
      • Градење на трозвуци и четиризвуци со зададен басов тон,
      • Градење на квинтакорди во зададени тоналитет со зададени стапала.

       

      Литература:

      1. Marko Tajcevic. 1962. Osnovna teorija muzike.Beograd: Prosveta

       

      III – ДЕЛ (ПИЈАНО)

      • Полифона композиција по избор
      • Соната по избор
      • Етида по избор
      • Композиција по слободен избор

 

    • Студиска програма: Етнокореологија

I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

      • Диктат – во тоналитет до два предзнаци
      • Пеење прима виста на непозната вежба
      • Слушање и препознавање на трозвуци

 

II – ДЕЛ (ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА)

      1. практични познавања на етнокореолошката наука
      • играорски предиспозиции
      • играчки репертоар
      • синхронизирани вежби
      • методика на народни ора
      1. теориски познавања на етнокореолошката наука

 

Литература:

      1. Димоски Михаило, Народните ора и орската традиција, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје 1996, стр. 281-286.
      2. Пенушлиски Кирил, Македонски фолклор, Историски преглед, Ора и орски песни, Матица македонска, Скопје- Мелбурн, 1999, стр. 509-519.
      3. Јаневски Владимир, Главни карактеристики на играорните подрачја, Зборник на трудови II, Илинденски денови, Битола 2010.

 

  • Студиска програма: Музичар изведувач (флејта, кларинет, саксофон*, труба, гитара, хармоника*, виолина)

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Диктат – во тоналитет до два предзнаци
    • Пеење прима виста на непозната вежба
    • Слушање и препознавање на трозвуци

     

    II – ДЕЛ (МУЗИЧАР ИЗВЕДУВАЧ)

    • Етида по избор
    • Виртуозна пиеса
    • Циклично дело

     

  • Студиска програма: Музичар изведувач (пијано)

 

      • Диктат – во тоналитет до два предзнаци
      • Пеење прима виста на непозната вежба
      • Слушање и препознавање на трозвуци

II – ДЕЛ (ПИЈАНО)

      • Полифона композиција по избор
      • Концертна етида по избор
      • Соната по избор
      • Композиција по слободен избор

 

  • Студиска програма: Соло пеење

    I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

    • Диктат – во тоналитет до два предзнаци
    • Пеење прима виста на непозната вежба
    • Слушање и препознавање на трозвуци

    II – ДЕЛ (ВОКАЛНО ПЕЕЊЕ)

    Изведба на три композиции од различни епохи:

    • Стара класика
    • Романтизам
    • Арија

    Кандидатот одбира по сопствен избор со кој композиции ќе се претстави.

     

  • Студиска програма: Џез студии (џез гитара, џез бас, џез тапани, џез саксофон, џез труба, џез пијано, џез пеење)

 

 

I – ДЕЛ (СОЛФЕЖ)

      • Слушање, препознавање на интервали и трозвуци.

 

II – ДЕЛ (ПИСМЕН ТЕСТ)

      • Теорија – Историја

 

Литература:

      • The History of Jazz – Ted Gioia (или извор по слободен избор на кандидатот),
      • Тhe Jazz Theory Book – Mark Levine (или извор по слободен избор на кандидатот).

 

III – ДЕЛ (МАТИЧЕН ИНСТРУМЕНТ)

      • Блуз композиција (слободен избор)
      • Џез стандард (слободен избор)

 

Литература:

    • The Real Book – Jazz Standards, (или извор по слободен избор на кандидатот)

 

ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА

  • Аудициите за катедрата за Современ танц за насока, за додипломски студии на англиски јазик и Балетска педагогија, годинава се организирани со физичко присуство. Секој потенцијален кандидат треба да испрати биографија, писмо на намери (може да е вклучено во видеото) и видео материјал, во кој ја презентира својата техничка подготвеност во класичен и современ танц, како и дел со импровизација. Потоа се закажува термин со физичко присуство, аудиција во просториите на Филмската академија во Скопје
  • По пријавување во електронскиот систем, документите можете да ги доставите до најблиската локација, без разлика на коj факултет сте се пријавиле.
  • Доставување на документи може да се изврши во една од посочените локации по 05.08.2024 во периодот од 8:00 до 13:00 часот.
  • Документите мора да се достават најдоцна до последниот ден за пријавување согласно конкурсот.

За сите прашања кои ги имате во врска со уписите може да испратите е-маил на upisi@ugd.edu.mk или да се јавите на еден од следните броеви:

  • 072 221 840 и
  • 075 400 197

(8 до 13 часот).

Штип: Хол на Правен факултет (Стар ректорат) (8-13.00 часот):



Струмица, Наставен центар на УГД, ул. „Гоце Делчев“ бб; (студентски прашања, 8-13.00 часот)



Скопје, Наставен центар на УГД, бул. „Александар Македонски“ 24; (студентски прашања, 8-13.00 часот)



Кавадарци, Наставен центар на УГД, ул. „Шишка“ бр. 25; (студентски прашања, 9-14 часот)



Гевгелија, Наставен центар на УГД, ул. „7 ноември“ бб. (студентски прашања, 8-13.00 часот)


 

  • Адреса за поднесување на приговори: prigovori@ugd.edu.mk
  •     Образец за поднесување на приговор (се испраќа пополнет на наведената адреса): Образец
  •     Уписни рокови: прв уписен рок – 27 август; втор уписен рок – 11 септември; трет уписен рок – 23 септември
  1. Примените кандидати КОИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЕЛЕКТРОНСКИ и ги има на конечни решенија за прием: upisi.ugd.edu.mk, е потребно да се запишат електронски, преку модулот за пријавување и запишување: eupisi.ugd.edu.mk.

  2. Се пристапува на е-пријавата и се клика на Запиши се:

  1. Се плаќаат сите потребни средства за упис на УГД и прв семестар наведени во табелата: (на секоја приходна шифра се прави посебна уплата за секоја сума, со платежната картичка со која располагате, преку линкот еКомеција):

    ВАЖНО: ДОКОЛКУ УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ПРЕКУ Е-КОМЕРЦИЈА НЕ СЕ ВИДЛИВИ ВЕДНАШ, ВЕ МОЛИМЕ ПОЧЕКАЈТЕ (НЕ ПОВЕЌЕ ОД 60 МИНУТИ) ИСТИТЕ ДА СЕ КРЕИРААТ ВО СИСТЕМОТ, ПО ШТО МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИТЕ ПОНАТАМУ СО ЗАПИШУВАЊЕТО

  2. ПОСЛЕ уплатата на СИТЕ потребни средства, се појавува опција за избор на изборни предмети (доколку има) во прв семестар и се клика на Запиши семестар:

  3. Системот генерира порака со информации за креираниот електронски индекс:

ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА:

 Кандидатите кои при уписот не креираа електронска пријава, туку се пријавија само со физички документи, потребно е:

  1. Да ги реализираат потребните уплати за упис на УГД и прв семестар (ВИДИ УПЛАТИ), преку електронско банкарство или платен промет – банка/пошта;
  2. Скенови/копии/квалитетни фотографии (од мобилен уред) од реализираните уплати, во електронска форма да ги испратат на следната електронска пошта: zapisuvanje@ugd.edu.mk, со назнака дека се работи за уплати за запишан кандидат со ЕВИДЕНТЕН БРОЈ ИМЕ ПРЕЗИМЕ ФАКУЛТЕТ НАСОКА, како и ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ОД ПРВ СЕМЕСТАР респективно за кандидатот, и
  3. Ќе добијат повратна е-пошта со информации за креиран електронски индекс и запишан прв семестар.

За сите новозапишани студенти ќе бидат објавени листи со кориснички имиња, формат на лозинки и насоки како да ги користат сите електронски платформи на УГД на кои по автоматизам ќе добијат пристап со самото запишување на Универзитетот.

ВАЖНО ЗА СИТЕ НОВИ СТУДЕНТИ:

  1. Од 5 најдоцна до 31 октомври 2024 година, секој новозапишан студент, на шалтерот на одделението за студентска архива е потребно:
    1. Да приложи потврда за лично годишно осигурување во осигурителна компанија по избор на студентот, со минимален износ од 150,00 денари за тековната година, и
    2. Да приложи Три фотографии (2 од 6х9 и 1 од 4х5).

Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

Листа на студентски прашања по факултет/град :

Штип

   

–   Филолошки  Факултет

Влатко Берковски

032 550 068

vlatko.berkovski@ugd.edu.mk

–   Факултет за Туризам и Бизнис логистика

Владимир Митев

032 550 331

vladimir.mitev@ugd.edu.mk

–   Факултет за природно технички науки,  Електротехнички Факултет

Сања Ристова

032 550 083

sanja.ristova@ugd.edu.mk

–   Факултет за информатика, 

–   Техничко технолошки факултет

Валентина Давчева

032 550 064

valentina.davceva@ugd.edu.mk

–   Земјоделски Факултет,

–   Машински факултет

Иван Јосифов

032 550 071

ivan.josifov@ugd.edu.mk

–   Факултет за образовни науки,

–   Филмска академија,

–   Ликовна Академија

Милена Цацкова

032 550 062

milena.cackova@ugd.edu.mk

–   Факултет за медицински науки

Анка Јорданова

032 550 868

anka.jordanova@ugd.edu.mk

Мери Манева

032 550 070

meri.maneva@ugd.edu.mk

Стојанче Стојанов

032 550 078

stojance.stojanov@ugd.edu.mk

Васка Здравкова

032 550 408

vaska.zdravkova@ugd.edu.mk

–   Музичка академија

Невенка Ронкова

032 550 081

nevenka.ronkova@ugd.edu.mk

–   Економски Факултет

Антонио Талевски

032 550 066

antonio.talevski@ugd.edu.mk

–   Правен Факултет

Љупче Нехтенин

032 550 480

ljupce.nehtenin@ugd.edu.mk

Скопје

   
 

Ивана Шоповска

032 550 365

ivana.sopovska@ugd.edu.mk

 

Елена Ваканска

032 550 831

elena.vakanska@ugd.edu.mk

Гевгелија

   
 

Павлина Минова Ичева

032 550 350

pavlina.iceva@ugd.edu.mk

Кавадарци

   
 

Зорица Георгиева

032 550 253

zorica.gorgieva@ugd.edu.mk

Струмица

   
 

Аница Удовалиева

032 550 250

anica.udovalieva@ugd.edu.mk

Студентите на прв циклус студии кои се запишани на конкурс или со префрлување на УГД во прва студиска година во учебна 2024/2025 година се прикажани на следната ЛИСТА. Листата континуирано ќе се ажурира, во согласност со уписните рокови и обработката на податоците од страна на Универзитетот.

За сите студенти од листата се генерирани броеви на индекси и се креирани кориснички профили за следните ресурси:

Е-индекс

Е-учење

Е-пошта

При најава на сите горенаведени електронски ресурси од страна на студентот се користи ИСТОТО корисничко име/лозинка во следниот формат:

Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)

Иницијална лозинка: Ugd<Матичен број> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матичен број> се внесува матичниот број на студентот.

Поради безбедносни причини се препорачува да се промени иницијалната лозинка при првото најавување на кој било од горенаведените електронски ресурси.

Листа со бр. на индекси