Search
|     contact@ugd.edu.mk

Факултетот за образовни науки со проект за безбедна училишна средина „Скриеното лице на насилството“

Споделете

Факултетот за образовни науки активно работи на создавање безбедна и поддржувачка училишна средина преку проектот „Скриеното лице на насилството“. Овој значаен проект има за цел да ги едуцира идните наставници, воспитувачи и педагози за различните форми на насилство, механизмите за негово спречување и постапките за соодветно реагирање.

Во рамките на проектот, кој го водат проф. д-р Трајче Стојанов, проф. д-р Даниела Коцева и проф. д-р Оливер Цацков, денес беше организирано предавање и работилница со самостоен инспектор за превенција при Секторот за внатрешни работи – Штип, Баже Милев. Тој ги запозна студентите со видовите насилство што може да се појават во образовните институции, начинот на нивно препознавање, како и со постапките за пријавување и превенција.

Овој настан има особена важност за нашите студенти кои како идни наставници, воспитувачи и педагози играат клучна улога во создавањето на сигурна и инклузивна училишна средина.

Преку вакви иницијативи, Факултетот за образовни науки вложува во подготвеноста на студентите да се справат со предизвиците на современото образование и да придонесат за превенција и сузбивање на насилството во училиштата.

Проектот продолжува со низа активности и обуки кои ќе ги продлабочат знаењата на студентите и ќе ги подготват за нивната иднина како одговорни и свесни професионалци во образовниот систем.