На 10 март 2025 година во свечената сала на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе се одржи настан во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Настанот ќе биде одбележан со доделување на Јубилејна плакета за Универзитетот „Гоце Делчев“, како и со промоција на нова платформа за соработка меѓу Црвениот крст и универзитетската заедница, а во рамките на одбележување 80 години Црвен крст во Македонија.
Настанот започнува во 12:00 часот и ќе го води Игор Стојанов, а модератори ќе бидат проф. д-р Никола Дујовски и проф. д-р Фадби Османи. Програмата вклучува свечено отворање со поздравни обраќања од ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, и генералниот секретар на ЦКРСМ, д-р Саит Саити.
Како вовед во панел-дискусијата ќе биде прикажано видео за новата платформа за соработка, по што ќе следи дискусија со учество на:
🔹 проф. д-р Ана Никодиноска-Крстевка – проректор за меѓународна соработка;
🔹 проф. д-р Даниела Коцева – професор на Факултетот за образовни науки;
🔹 Ирена Жежова – претставник на Студентската организација СОМА;
🔹 Викторија Милановска-Партаклиев – претседател на Општинската организација на Црвен крст – Штип.
Во рамките на настанот ќе има интеракција со публиката, каде што студенти и волонтери ќе споделат лични искуства, а воедно ќе биде прикажано и јубилејно видео по повод 80 години од основањето на ЦКРСМ.
Настанот е отворен за сите професори, студенти и волонтери кои сакаат да дознаат повеќе за активностите на Црвениот крст и можностите за соработка со универзитетите.