Проректорот за инвестиции и развој на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дарко Лазаров, оствари работна средба со директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ, Даниела Симоновска.
Тие разговараа за заедничка соработка на двете институции во насока на поддршка на студентите во подигање на нивните претприемачки вештини, зајакнување на иновацискиот дух, како и за конкретни форми за поддршка на студентите во развој на нови бизнис идеи.