Два настани, една голема можност!
Придружете ни се на овој исклучително корисен настан за млади:
- Отворен ден за средношколци – Истражете ги можностите за вашите идни студии, запознајте го факултетот кој ви е од интерес и искусете дел од студентскиот живот!
#УГД ќе ви ги претстави условите за високо образование, со кое ќе можете да ги реализирате вашите животни цели, преку 12 факултети и 3 академии и над 70 студиски програми, преку кои добивате меѓународно призната диплома, бесплатна современа литература, висока и модерна дигитализација, најразвиена Еразмус + програма во државата и уникатно членство во голема европска универзитетска алијанса на 9 универзитети ACE2EU, со заеднички студиски програми и бројни придобивки за студентите.
- Ден на кариера за студенти – Поврзете се со најдобрите и најуспешните работодавци, откријте ги можностите за кариера и професионален напредок!
Без разлика дали барате работа, стажирање, пракса или само сакате да дознаете повеќе за различните индустрии и да изградите познанства, овој настан е совршено место за вас.
Поддржано и спонзорирано од „ЕАМ“, „Kolid Foods“, „МИК“ – Свети Николе, ПЗУ Болница „Плодност“, Рудник „Саса“ и „Јофатекс“.
Компании-учеснички се: „Микросам“ ДОО – Прилеп, „ЗДВИЛ ЛИОН“ ДОО – Св. Николе, Road Legends, Amphenol Technology, Поликлиника „Мартини“, Draxlmaier, Superior Global Service, НЛБ Тутунска банка, Taskforce, Аптеки „Бела фарм“, Career transition support North Macedonia, „Ирибов МК“ – Виница, ADIENT Seating, ЕВН, „Бучим“ ДООЕЛ – Радовиш, „Про транс диспеч“, Фондација „Прогресив академија“, „Макпрогрес“ ДОО – Виница, Халк банка – Скопје, „Диаверум“, „Сава осигурување“ ДОО – Скопје, „Декра арбеит“ – Скопје, Комерцијална банка АД – Скопје, Confindustria, „Имако вино“, Прокредит банка, WVP, PharmaS, Стопанска банка АД – Скопје, Уни банка, Штедилница „ФУЛМ“, „ФС Штампа хил“, „Ламинати ком“ – Прилеп, кои ги претставуваат областите здравство, трговија, осигурување, финансии, производство и др.
Организирано во соработка со Стопанска комора на РС Македонија.
Датум: 15 април 2025 година
Локација: Ректорат на УГД
Време: 11:00 часот
Не ја пропуштајте оваа шанса да ја испланирате својата иднина и да го направите следниот чекор во вашиот личен и професионален раст.
Ве очекуваме!