Search
|     contact@ugd.edu.mk

Отворена книга на жалост на УГД

Споделете

Во холот на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е отворена книга на жалост во чест на трагично загинатите во страшната несреќа во Кочани. Универзитетот ја отвори книгата како знак на сочувство и поддршка за семејствата на загинатите.

Книгата на жалост ќе биде достапна секој ден од 9 до 18 часот, а во неа можат да се потпишат сите студенти, вработени и граѓани кои сакаат да изразат почит.