На денешната седница на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за нов претседател е избрана проф. д-р Снежана Мирасчиева, редовен професор на Факултетот за образовни науки.
Мандатот на претседателот ќе трае една година, почнувајќи од 28 април 2025 година до 27 април 2026 година, со можност за уште еден избор.Покрај изборот на нов претседател, Сенатот го верификуваше мандатот на новите членови за период од три години, од 28 април 2025 до 27 април 2028 година. Новите сенатори се избрани од сите факултети и академии на Универзитетот, како и од придружната членка – Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.
Списокот на новите членови на Сенатот е следниов:
- од Музичката академија: проф. д-р Ангеле Михајловски и проф. д-р Горанчо Ангелов;
- од Ликовната академија: проф. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска и проф. д-р Слободан Милошески;
- од Филмската академија: доц. м-р Адријана Данчевска-Ровчанин;
- од Земјоделски факултет: проф. д-р Фиданка Илиева и проф. д-р Фиданка Трајкова;
- од Машински факултет: проф. д-р Сашко Димитров и доц. д-р Дејан Крстев;
- од Електротехнички факултет: проф. д-р Драган Миновски и проф. д-р Сашо Гелев;
- од Технолошко-технички факултет: проф. д-р Сања Ристески и проф. д-р Сашка Голомеова-Лонгурова;
- од Факултет за информатика: проф. д-р Билјана Златановска и проф. д-р Владо Гичев;
- од Факултет за природни и технички науки: проф. д-р Соња Лепиткова и проф. д-р Ристо Поповски;
- од Факултет за медицински науки: проф. д-р Викторија Максимова и проф. д-р Ивона Ковачевска;
- од Економски факултет: проф. д-р Еленица Софијанова и проф. д-р Илија Груевски;
- од Правен факултет: проф. д-р Елена Максимова и проф. д-р Дејан Маролов;
- од Филолошки факултет: проф. д-р Нина Даскаловска и проф. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска;
- од Факултет за образовни науки: проф. д-р Снежана Мирасчиева и проф. д-р Ирена Китанова;
- од Факултет за туризам и бизнис логистика: проф. д-р Драшко Атанасоски и проф. д-р Мимоза Серафимова;
- од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје: проф. д-р Орце Поповски.
Со ова, Универзитетскиот сенат влегува во нов тригодишен мандат со целосен состав, подготвен да работи на развојот на академската заедница на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.