Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), м-р Елена Петрова, денес потпиша Меморандум за соработка со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, за потесна соработка меѓу двете институции.
Соработката ќе се однесува на размена на знаења и искуства, како и пракса на студенти и работа на заеднички проекти.„Со овој чин, како УЈП, покажуваме дека сме посветени на тоа да имаме отворени врати за новите генерации преку соработка со Универзитетите преку поддршка на студентските иницијативи и практични обуки. Целта е да создаваме нови генерации на компетентни млади луѓе кои ќе работат во сферата на јавните финансии“, изјави директорката на УЈП, м-р Елена Петрова.
Ова значи дека праксата и науката се спојуваат преку соработка во делот на јавните финансии и економијата. Ректорот на УГД истакна дека ова би можело да биде голема можност за сите студенти, а особено за студентите од Економскиот факултет.
„Верувам дека во рамките на вакви соработки и активности Универзитетот заедно со институциите од државата покажува и поголема транспарентност и посветен пристап до знаењето на нашите студенти коишто утре ќе бидат дел од овие институции“, изјави ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.