Search
|     contact@ugd.edu.mk

Јавни набавки

Што се јавни набавки?

Јавните набавки претставуваат процес на користење на јавни средства од страна на одреден јавен орган, заради добивање на надворешни ресурси, најчесто од комерцијални понудувачи.

Принципите врз кои се базира спроведувањето на законските и подаконските прописи за јавните набавки се транспарентност, јавност и еднаков третман на економските оператори. Заради остварување на овие принципи, а и заради достапност на информации до јавноста, вие имате можност да го користите делот – Јавни набавки на веб-страницата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Контакти

Одделот за јавни набавки ви стои на располагање за информации и потребна помош – секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот.

Тел. 032/550-054, 032/550-231

Како да го користите делот – Јавни набавки?

Годишен план

Годишниот план за јавни набавки ги содржи вкупните потреби за набавки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во тековната година – видови на стоки, услуги и работи, според Општиот поимник на јавни набавки, очекуваниот почеток на постапката, проценетата вредност на договорот или рамковната спогодба и видот на постапката за доделување на договорот или рамковната спогодба.Во овој дел ќе биде објавен донесениот Годишен план за јавни набавки на Универзитетот за тековната година, како и неговите измени и дополнувања.

(ГП за ЈН е во пдф формат)

 

Тендер за потребите на проектот “Business eco-system as an integrated system” Be IN

Во врска со О Д Л У К А бр. 0507-279/1 на Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип за утврдување на потреба од јавна  набавка од  УСЛУГИ (SERVICES)  Универзитет „Гоце Делчев“ Штип објавува комплетно тендерско досие 0507-279/1-2 за надворешна експертиза- Ангажирање на 5 (пет) надворешни ментори за потребите на проектот “Business eco-system as an integrated system” Be IN ,согласно Договорот за грант бр. Be In-CN2-SO 1.1-SCO43  во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,,ИПА 2014-2020 Cross Border Programme Greece-Republic of North Macedonia”.

Тендерска документација (.zip)

 

INVITATION TO TENDER FOR Engagement of 5 (five) external mentors under the project “Business eco-system as an integrated system” Be IN, Shtip, Republic of North Macedonia

On the base on Decision no. 0507-279 / 1 of the Rector of the University “Goce Delchev” Stip for determining the need for public procurement for SERVICES University “Goce Delchev” Stip announces complete tender dossier 0507-279 / 1-2 for external expertise- Engagement of 5 (five) external mentors for the needs of the project “Business eco-system as an integrated system” Be IN, in accordance with Subsidy Contract no. Be In-CN2-SO 1.1-SCO43 within the EU Instrument for Pre-Accession Assistance (IPA) Program “IPA 2014-2020 Cross Border Program Greece-Republic of North Macedonia”.

Tender documentation (.zip)