Search
|     contact@ugd.edu.mk

Студентски правобранител

Универзитетското студентско собрание на УГД за студентски правобранител за периодот до 6 декември 2025 година го избра Богољуб Мијалков, студент на Правниот факултет. Мандатот на студентскиот правобранител трае 2 години.

Студентскиот правобранител постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е повредено право на студент од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот. Органите на високообразовната установа се должни да постапат по укажувањата на студентскиот правобранител.

За својата работа, студентскиот правобранител поднесува годишен извештај до Сенатот на Универзитетот.