Меѓународни натпреварувања

Спортистите на Универзитетот „Гоце Делчев“, покрај забележителните резултати на државните натпревари, имаат и забележителни настапи и постигнувања на меѓународните универзитетски натпревари.
За истакнување се двете учества и постигнувањата на каратистите на Универзитетот „Гоце Делчев“ на универзитетските карате шампионати.


Карате

2011 година, Петти европски универзитетски шампионат во карате


Петтиот европски универзитетски шампионат во каратесе одржа во периодот од 22 до 25 јули 2011 година во Сараево, Република Босна и Херцеговина.
На натпреварот учествуваа 78 универзитетски екипи од 23 земји. Од нашата земја забележителен настап имаа екипите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Од претставниците од УГД најзабележителен настап и највисок пласман оствари Жарко Арсовски со освоено III место во категорија БОРБИ + 84 кг.

 


2012 година, Осми светски универзитетски шампионат во карате


Осмиот светски универзитетски шампионат во каратесе одржа во Братислава, Република Словачка, во период од 12 јули до 15 јули 2012 година. На оваа врвна светска манифестација од областа на универзитетскиот спорт учество земаа 43 држави. Учествуваа 191 спортист во машка конкуренција и 138 спортистки во женска конкуренција.

 

Од претставниците од УГД и воедно од универзитетската репрезентација на Р. Македонија најзабележителен настап и највисок пласман оствари Емил Павловстудент на Филолошкиот факултет на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. Емил Павлов се натпреваруваше во категорија - 60 кг и со три победи и еденпораз успеа да го освои високото трето место, односно бронзениот медал.

 



Студенти од УГД во тимот кој стана светски вицешампион во карате

photo three

Емил Павлов, студент на Филолошкиот факултет при УГД и Горан Иванов, студент на Факултетот за природни и технички науки беа дел од тимот што го освои второто место во карате на Универзитетските игри во Бар, Црна Гора. Со тоа македонската репрезентација во карате стана светски вицепрвак. Меѓу другите, овој историски резултат го остварија Иво Цветковски, Берат Јакупи, Симон Антич, Спасо Илиевски и Никола Илоски, кои во првото коло беа слободни, во второто за поен ја минаа Словачка, во третото славеа со 3:1 над Турција, а со истиот резултат во четвртото коло го скокнаа и Египет за да стигнат до финалето. Во битката за златото, Македонија загуби од Иран со 2:3.

Воедно, Емил Павлов имаше и поединечно натпреварување во рамките на истите Универзитетски игри во Бар и го освои третото место. Претходно Емил Павлов стана и европски шампион на првенство што се одржа во Тампере, Финска.