Универзитетскиот спортски центар ги развива и унапредува спортските активности на студентите и вработените. Во рамките на Универзитетскиот спортски центар се опфатени екипи од повеќе спортови. Во моментот функционираат универзитетски клубови во кошарка, пинг-понг, одбојка, шах и футбал. Преку Универзитетскиот спортски центар, сите студенти кои имаат афинититет кон спортот можат тоа да го реализираат преку настапи во рамките на турнири и останати натпреварувања на ниво на универзитетите во Република Македонија.